Во неделата на телевизија на Пинк на емисијата „Хит Твит“ гостуваше српскиот претседател Александар Вучиќ, професор од Правниот факултет д-р Владан Петров и наводните студенти Милош Павловиќ и Марина Станишиќ.
Како што пишува Nova.rs, студенткакта Марина Станишиќ била претставена дека е од Технолошко-металуршкиот факултет во Белград, а веднаш по емитувањето на емисијата Пленумот на овој факултет излезе со информација дека таа не е нивна студентка.
View this post on Instagram
„Студентското собрание на Технолошко-металуршкиот факултет на Универзитетот во Белград со ова јасно и недвосмислено се оградува од изјавите на Марина Станишиќ, која лажно се претставува како студентка на Универзитетот во Белград.
Споменатата Марина Станишиќ ги започнала студиите на Факултетот за ликовни уметности во 2022 година, но не се запишала во учебната 2024/2025 година.
Оттука, не е точно наводот дека Марина е студент и на Технолошко-металуршкиот и на Универзитетот во Белград“.
Lažna studentkinja… pic.twitter.com/XHoFxjWjz9
— Bojan Andrejić (@andrejic_bojan) February 18, 2025
Пленумот на Технолошко – металуршкиот факултет напиша дека е јасно дека ставовите на „лажната“ студентка не ги рефлектираат ставовите на студентите во блокада и дека нема потреба тие дополнително од нив да се оградуваат.
Исто така тие реагираат дека медиумите по емисијата погрешно го претсавиле факултетот како Технолошко – метеоролошки, а не металуршки, што за нив е голема навреда со оглед на тоа дека факултетот оваа година прославува и 100 години од своето постоење.