Од МВР информираат дека синоќа во 23:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Петар Дељан“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на Ј.Ј.(86) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипата на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а поради вдишување на чад во Комлексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош биле пренесени сопственикот, неговата сопруга Г.Ј.(69), еден полициски службеник и еден пожарникар.
Станот е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо, објави на Фејбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томевски утрово изјави дека пожарникарот бил пратен на снимање и потоа е вратен на работа.
Увид ќе се врши во текот на денот.