Под паролата “Код Вука“, атрактивниот споменик на српскиот просветител во центарот на главниот град на Србија, вечерва непрегледни колони белграѓани од повеќе тамошни градски општини се слеваат кон таа дестинација во знак на поддршка на српските студенти во нивните протести против корупцијата во земјата.
Катадневните протести на српските студенти влегуваат во десеттата декада. Поддржани од бројни граѓани, ученици, професори, адвокати, протестите не стивнуваат туку стануваа се` помасовни и побучни.
Студентите и граѓаните бараат промени кои во земјата ќе ја запрат партизацијата и ќе ги професионализираат институциите окупирани од страна на власта предводена од српскиот претседател Вучиќ и неговата Српска напредна странка.