Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нетанјаху им се извини за навредите на израелските Арапи

0
By Нова ТВ on March 24, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2015 09:14

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека му е жал заради изјавата на сметка на израелските Арапи која ја даде за време на изборите минатата недела. Нетанјаху беше обвинет за ширење на расизам во Израел кога предупреди дека „Арапите гласаат на купишта“, само еден час пред да се затворат избирачките места.

Нетанјаху чија партија Ликуд повторно победи на изборите, вчера се сретнал со членовите на арапската заедница во Ерусалим при што прифатил дека неговите коментари ја навредиле арапската заедница.

Нетанјаху потенцирал дека е свесен за неговите коментари кои ги навределе „некои израелски граѓани и членови на израелската арапска заедница“. Потоа додал:„Тоа не беше мојата намера. Жал ми е за тоа. Моите дела како премиер, вклучувајќи масовни инвестиции во малцинскиот сектор го докажуваат токму спротивното“, изјавил Нетанјаху, пренесува ББС.

Ајман Oјда лидер на Мешовитата Арапски листа – сојуз на израелските Арапи која обезбедени 13 места на изборите минатата недела, за израелскиот Канал 10 изјави: “Ние не го прифаќаме тоа извинување. Сакам да видам активност која ќе го подобри ова извинување. Дали тоа ќе ја подобри еднаквоста?”

Белата куќа упати остри осуди на неговите коментари. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернист изјави дека „ САД е длабоко загрижен заради реториката со која се настојува да се маргинализираат израелските Арапи.

Во пресрет на гласањето, Нетанјаху, исто така, рече дека нема да дозволи создавање на палестинска држава ако повторно биде избран.

Од друга страна Централно-левичарската опозиција, Ционистичката унија, вети дека ќе ги подобри односите со Палестинците и со меѓународната заедница.

Мнозинството е за формирање на Влада

Досегашниот израелски премиер Бенџамин Нетанјаху си обезбеди мнозинство од 120 пратеници во новиот парламент , што ќе му овозможи да формира нова израелска Влада, соопшти кабинетот на израелскиот претседател.

„Најмалку 67 од 120 пратеници го подржаа Нетанјаху кај претседателот Ривен Ривлен за мандатор на новата Влада“, изјави портпаролот Џејсон Полрмен.

Претседателот Ривлен консултациите ги започнал во неделата иако во среда ќе бидат објавени конечните официјални резултати од изборите кои се одржаа на 17 март, кога Нетанјаху ќе го добие мандатот за состав на новата Влада.

Победата на Ликуд

На изборите Ликуд доби 30 места, на второ место со 24 места во Парламентот е Ционистичката унија, а Коалицијата на арапски партии е на трето место со 13 пратеници.

Нетанјаху има подршка од своите застапници од Ликуд, од две националистички партии:Еврејскиот дом и Израел Бејтин, две ултра ортодоксни партии Шас и Тор, како и партијата на десниот центар Кулан.

Ниту една партија досега во израелската современа историја не успеала сама да состави Влада. Во израелскиот изборен систем мандатарот за состав на Владата не мора да е носител на листата која освоила најмногу гласови, туку тој кој што може да направи коалиција со други групи во парламентот.

Инаку, израелските Арапи, потомци на 160.000 Палестинци кои останаа во Израел, државата која беше создадена во 1948 година, претставуваат околу 20% од израелското население.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.