НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва рунда директни преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во понеделник

0
By Светлана Јовановска on March 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА дознава дека во понеделник во Брисел е закажана првата средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозицијата ќе ја претставува Радмила Шеќеринска а во име на власта на средбата треба да учествува министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Учеството на Попоски се уште не е конечна одлука на ВМРО-ДПМНЕ. Според некои информации од Европскиот парламент, можно е во Брисел да дојдат и двајца претставници на власта.

Од европска страна на средбата има тројца пратеници од Европскиот парламент (ЕП): Едвард Кукан од демохристијанската група, либералот Иво Вајгл (известувач за Македонија во ЕП) и Ричард Ховит од групата на социјалистите.

Европските пратеници очекуваат во Брисел да допатуваат високи претставници на двете партии кои ќе имаат мандат да донесат и одлука доколку тоа биде потребно.

Ова е прв обид за преговори помеѓу двете македонски партии. Тројцата европски пратеници ќе бидат само олеснувачи во овој процес што значи дека тие нема да излезат со свои предлози пред македонските партии туку ќе очекуваат од нив да кажат кои се нивните предлози за излегување од кризата.

Се уште нема “сценарио” за понатамошните чекори. Европјаните се надеваат дека и со една средба може да се најде компромис но доколку тоа не биде случај, тие се спремни за нови рунди на преговори, во Брисел, Стразбург или Скопје.

На семинарот што во понеделникот и вторникот се одржа во Брисел на тема “политичка култура”, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе ги изнесоа своите видувања на кризата. Според СДСМ потребни се оставки во власта за да се отвори пат за решавање на кризата, додека според ВМРО-ДПМНЕ политичката борба треба да се сведе на институционално дејствување.

Според европската “тројка”, двете партии треба да се фокусираат на европската иднина на земјата и препораката за преговори која не смее да се загуби и околу сето тоа да најдат заеднички терен и политичко решение. Ваквото решение потоа треба да обезбеди простор за независно делување на правдата и решавање на сите спорни точки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.