Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трпчески меѓу најголемите пијанисти на денешницата

0
By on March 6, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 6, 2013 03:22


Со дури 5 изведби на бис, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески и’ возврати на публиката во исполнетата „Концертгебау“ сала во Амстердам на настапот на 3 март. Оваа сала важи за една од најакустичните и најпрестижните сали во светот.

„Во холандската престолнина го одржав мојот трет рецитал, а втор токму во „Концертгебау“. Настапив во рамките на престижните „Мастерс пијано серии“ во кои се вклучени буквално најатрактивните пијанисти на денешницата. Величествената димензија на оваа сала и нејзината 125-годишна историја едноставно не го оставаат човек неинспириран за изведбата во неа.
Инаку, рециталот мина навистина фантастично. Свирев дела на Шуберт, на Бах и на Лист. Софистицираната публика буквално ја наполни салата и мојата одговорност беше комплетна. Но се случи истото како пред неколку години, кога публиката ме поздрави на нозе уште по првиот дел. И на крајот публиката не престануваше да аплаудира и отсвирев дури 5 биса. Дури и мене се’ уште ми е тешко да поверувам во тоа, но ете се случи и задоволството што го чувствувам не може да се опише со зборови.
Публиката во салата бурно реагираше на првата изведба во Амстердам на „На Струга дуќан да имам“ од Панде Шахов, па според интересот на промоторот, се надевам дека во иднина ќе можам да ја изведам целата негова суита „Песни и шепоти“, изјави Трпчески за Македонското радио.

Концертниот распоред веќе в недела го води нашиот пијанист во Монте Карло со тамошниот оркестар, за потоа да продолжи во Полска со дебито со Филхармонијата на Лоѓ со која освен Концерт за пијано и оркестар број 4 од Рахманинов ќе ги свири и „Фантазијата на две фолк теми“ од Дамир Имери по што следи и деби-рециталот во Варшава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.