Со транспаренти и извици „Доста со силеџиство“, „Што ќе ни се ружи ако немаме за леб“ и „Жени, живот, слобода“ денеска во Скопје се одржа марш по повод Денот на жената.
Организаторите на маршот под слоганот „Нека јадат ружи“ побараа нормално здравство, безбеден јавен простор но и крај на работната дискриминација.
Сакаме здравство кое лечи а не убива. Нема повеќе да преговараме дали ќе има лекови за пациентите на околигија и нема да дозволиме родилки да умираат или некој да ги касапи нашите тела а потаоа да не одговара пред прадата. Сакаме безбедни јавни простори, советлени учици и безбеден јавен превоз.
На маршот учесниците истакнаа и дека 8-ми Март не е ден за симболични гестови туку борба за слобода и солидарност во општествениот систем.
Покрај економската и политичката рамноправност на маршот беше посочена борбата со како што велат нефункционалниот систем кој му ги ограничува можностите.
Инаку, маршот за правата на жените традиционално се одржува секоја година на 8-ми Март во Скопје.