Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Срдечен разговор со Доналд Трамп Јуниор, син на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за билатералните односи меѓу Србија и САД и актуелните теми кои ја обликуваат глобалната политичка и економска сцена“, напиша на својот инстаграм профил српскиот претседател.
Оваа средба ја симболизира посветеноста за зајакнување на билатералните односи и заедничката работа за решавање на глобалните предизвици, напиша тој.