Џемаил Браими и неговата сопруга Јасмина Махмуд добија по 20 години затвор за убиството на тригодишната Мевљана. Пресудата денеска ја изрече Основниот суд Скопје 1.
Тие беа обвинети дека го претепеле до смрт девојчето кое им било оставено на чување. Се бранеа дека тоа паднало по скалите и дека така починало.
>> Исповед на мајката на претепаното дeте – можеше и другите деца да ми ги убијат
Мајката на девојчето, Садија минатата година во изјава за НОВА, рече дека жали што морала да ги остави децата да ги чуваат други луѓе, но како што рече за НОВА „морала да работи за да им донесе храна“.
Садија сама се грижи за децата, бидејќи нејзиниот маж е во затвор.
Таа не е корисник на социјална помош од државата бидејќи нема лични документи, ниту за себе ниту за своите деца, кои не се заведени во Книгата на родени и немаат матични броеви.




