Вашингтон: Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф денеска пристигна во Москва на разговори на високо ниво за ставање крај на конфликтот во Украина.
Виткоф, долгогодишен пријател на Трамп, е исто така водечки фактор во напорите на новата американска влада за прекин на војната во Газа. Се очекува, тој денеска да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американски претставник, кој го потврди неговото пристигнување во Русија.