Министерот за здравство Арбен Таравари во својата последна изјава најави дека 18 до 20 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани е можно да се лекуваат во странство.
Тој појасни дека здравствените власти добиле понуди за лекување од неколку држави, а тим на анестезиолози ќе одлучи каде ќе бидат транспортирани пациентите.
Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, Грција, Србија. Добивме повици од Албанија, Холандија…, рече Таравари.
Според последните информации кои ги соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во катастрофалниот пожар во Кочани ноќеска загинаа 59 млади луѓе, а 155 се повредени и згрижени во болниците низ земјата.