НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кaко не ви е срам и арам, бре!?

0
By Marija Todorovska on March 16, 2025 ИЗБОР
Фото: Либертас
Фото: Либертас
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во монструозната операција која се води сега за “контрола на штетата “(damage control) од ДПМНЕ и нивниот министер за внатрешни, а настаната од неверојатната трагедија која ни се случи на сите нас со смртта на 60-тина младинци/ки во нокниот клуб “Пулс” овие актери бесрамно се обидуваат уште малку па,  да го обвинат за ужасниот настан Зоран Заев и Али Ахмети, како ми се чини ?

Љубомир Д. Фрчкоски

Завлегувајки во некои апсења, потерници, во дебати кој ја издал и до кога важела лиценцата за Клубот, во ароганција помешана со страв кој извира од очите на Министерот кога им дели лекции на новинарите за тоа како да поставувале прашања – се во сенка на ужасната трагедија – не можете да почуствувате друго освен превртување во стомакот, од гадење и бес.

Министерството за внатрешни со серија акти кои не ги направило е одговорно за настанот – трагедијата, односно ако ги направеле законските обврски кои морале да ги сторат, настанот можел да биде спречен или барем неговите последици драстично намалени. Имено МВР морало, бидејки било претходно информиран, поради неговата обемност и можност од било какви инциденти (тоа се прави рутински со такви настани), да го обезбеди настанот однадвор. Но МВР тоа не го сторило!

МВР морало да обезбеди внатре во салата полицајци за можни инциденти долж концертот (исто вообичаено се прави за настани од ваков обем: 1500 млади луѓе во затворен простор кој е сомнително адаптиран за таков настан). Значи не да праќа полицајци да ловат дилери туку да проценуваат можни инциденти и опасни ситуации и да го запрат концертот ако е потребно).

Каква сака да му е лиценцата на клубот, да му била супер-легална не може да му овозможи на Затворен клуб одржување на концерт со 1500 луѓе, без посебна проверка и посебна дозвола! Лажна и замајувачка е дебатата до кога траела лиценцата, кој ја потпишал и сл. Еве да претпоставиме дека била легална, да траела уште една година? Што со тоа? Повторно е невозможно да добие дозвола клубот за конкретен концерт од ваков обем, за што директно е одговорно (за проценката и дозволата) МВР, а тоа таква проценка не направило!

• МВР морало да обезбеди противпожарни возила околу објектот поради неговиот обем и ризик и веројатно и кола за брза помош (сето тоа се рутински работи за концерт од ваков обем и на вака ризично место) . МВР тоа не го сторило.

• МВР, што е најважно и најтрагично, морало да издаде посебна дозвола за користење на пиротехнички средства . МВР таква дозвола не издало  ниту  разгледувало, а нивната употреба/злоупотреба  била директна причина за пожарот и трагедијата .

Мачно е да го гледаш Министерон за внатрешни како глуматара ароганција во ситуација кога мора да понесе политичка одговорност за нечинење на министерството кое го раководи. Значи кратко: Оставка Министре .

Вашите прес-конференции новинарите треба со свртен грб да ги следат.

Вашиот мандат ќе биде обележен со оваа трагедија, но тоа е така никој посебно нема да го забележува тоа во сенката на оваа огромна трагедија за Македонија и семејствата на младинците/ките кои ги загубија животите и чии  семејства никогаш повеке нема да можат да бидат исти .

Текстот е сопственост на Либертас

Фрчковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.