Македонските војници од крајот на минатиот месец не пијат млеко во касарните, пишува Вест.
Доставувањето на млеко за македонските војници е прекинато бидејќи компанијата од која АРМ зема млеко, не го испорачала соодветниот квалитет.
Генералштабот на АРМ не го открива името на производителот, но вели дека проблемот набрзо ќе биде решен.
– Наместо 3, 2 отсто масленост, извесен период нам ни било доставувано млеко со 2, 8 отсто масленост. Доставувањето е прекинато штом го утврдивме пропустот , вели за Вест, портпаролот на Генералштабот на АРМ, Мирче Ѓоргоски.