Зоран Иванов
Добре бе Влада, пресови, МТВ, Радио државно македонско и останати провладини, запрете со тоа финтите суптилни за задушување на граѓанскиот гнев.
Запрете.
Што ви пречат студентите и што ви пречи револтот граѓански?
Протестите, молкум или со глас, не се само против вас.
Против се’ и сите се.
Им пре.урчи и ни прек.рчи на сите од сите.
На студентите, на младите, ептен.
И доста копирате од Вучиќ, СНС и РТС. Проѕирно ви е.
Па зарем не гледадат како народот тамошен ги третира.
Веќе ич не ги третира. Не ги есапи. Ама ич.
И, засега ги гаѓа само со јајца.
Ги гаѓа и ги погодува.
Зарем не гледате?
Затоа, ајде малку ум и читнете го малку Сенека за гневот и запрете со финтите демек влада, демек грижа, демек …
Запрете со таа навидум суптилна а всушност проѕирна нененародна кампања зад која ви ѕирка себичниот порив за власт и зад која ви стои стравот од сопствениот народ.
Запрете. Народот не е фризби.
Бумеранг е.