“Договорот со кој заврши политичката криза во Македонија предвидува предвремени парламентарни избори – но само ако двете страни се договорат за тоа на есен”, изјавува за Балкан Инсајт известувачот на Европскиот парламент за Република Македонија Ричард Ховир.
Иако, власта и опозицијата излегоа со контрадикторни читања на договорот од петокот. Според Ховит, предвремените парламентарни избори зависат од парламентот.
Членот на Европскиот парламент изјави дека партиите се обврзани да разговараат за ова прашање “со добра волја” и дека “сите резултати од разговорите се отворени и останува двете страни да се договорат”.
“Партиите имаат време да се договорат за тоа до почетокот на септември, рече Ховит, така што нивната одлука ќе биде земена во предвид во годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата, кој треба да биде објавен подоцна во есен”.
“Проблемите треба да се решаваат во рамките на земјата, така што земјата може да го демонстрира својот демократски капацитет. ЕУ може само да го поддржи овој процесот “, вели Ховит за Балкан Инсајт