НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Граѓаните треба да бидат спокојни зашто „правдата доаѓа“

0
By Marija Todorovska on March 25, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопствениците на локалите ќе добијат онолку време колку што им е потребно за да ги исправат недоследностите и во тој период нема да работат. Но, има и државни објекти меѓу оние што не ги исполнуваат потребните услови за работење, а некои од нив се установи за предшколска возраст, пензионерски домови и училишта кои изминатите три децении не биле реновирани и градени, туку крадени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски уште еднаш повтори дека ќе одговара секој што го прекршил законот, независно дали лицето е дел од некоја политичка структура или не, и тука, напомена, не смее да има дилеми.

Во однос на мораториумот за сопствениците на локалите што го најави вчера, премиерот објасни дека се мисли на периодот што ќе им биде даден за да ги отстранат недоследностите или да можат да направат нешто со што ќе се прилагодат. Суштината е, нагласи, сите што доставиле документи, да ги исполнат и условите.

Акцијата на МВР продолжува, рече Мицкоски и дополни дека граѓаните треба да бидат спокојни зашто „правдата доаѓа“.

Кога зборуваме за мораториум, зборуваме за временски период што ќе им биде даден на сопствениците да ги отстранат недостатоците или да можат да направат нешто со што ќе се прилагодат можеби не на дискотека, на кабере или на нешто друго. Размислуваме колкав период ќе им биде даден и тогаш тие нема да работат, туку ќе го искористат за да ги отстранат недостатоците, ова не може да се претвори во „преки суд“ зашто нешто што е повеќе од 30 години погрешно направено за 9 месеци се обидуваме да го канализираме и да го ставиме во ред, ова ќе биде обемна операција, изминативе денови слушнавте колку дозволи се суспендираат и колку лиценци и објекти се затворени, изјави Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани.

Владата, додаде, прави се за да го исправи она што преку три децении било погрешно.

Операцијата е обемна, ќе треба време и затоа ќе им оставиме на сопствениците на локалите време. Тука не станува збор само за приватни обејкти, има и државни објекти и државата ќе треба да има одреден период за „да ги исправи“ тие објекти кои биле градени или крадени изминатите три децении. Не би можел сите да ги набројам, но можам да ги кажам дејностите: предшколска возраст, пензионерски домови, училишта,…, кога се граделе или реновирале, во суштина се краделе и затоа менуваа Кривичен законик со европско знаме, знаеја дека доаѓа Влада што има намера да работи, а тие што ги краделе државата и народот, да ги казнува, истакна премиерот, повторувајќи дека временскиот период што ќе им се даде на сопствениците на локалите ќе трае колку што е потребно.

државни институции локали МВР Мицкоски Мораториум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.