Не можеме да дозволиме ниту еден работник да трпи притисоци какви што се обидуваат да нанесуваат на синдикалното раководство, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија -ССМ, во интервју во вечерашната „Топ тема“ на Телма.
Токму затоа сме ние избрани од нив, токму затоа ние примаме плата од нив, за ние да ги трпиме сите притисоци. Трендафилов: Денеска им покажавме дека не се плашиме, без оглед колку нè напаѓаат.