НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што поседува Мијалков

24
By Сашка Цветковска on April 1, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сторијата е објавена на НОВА во Мај, 2014 година, а ја реобјавуваме во светло на последната „бомба“ на опозицијата на којашто претседателот на СДСМ Зоран Заев обвини дека директорот на тајната полиција Сашо Мијалков земал нелегални провизии за склучување зделки со израелска фирма за набавка на опрема за следење.

Автори: Сашка Цветковска во Скопје и Павла Холчова во Прага.
Насловна фотографија: Томислав Георгиев

Дневната работа на Сашо Мијалков е да ја води тајната полиција во Македонија. Но, таа работа баш и не ја опишува неговата моќ и влијание. Тој и припаѓа на мала дружина на луѓе кои ја водат Македонија – луѓе кои го вклучуваат неговиот братучед и кумот на братучедот. Во меѓувреме, под неговото водство, тајната полиција е критикувана за затајувања при надзорот и неуспех да ги исполнат стандардите на Европската унија.

Но, владиниот функционер од кариера е, исто така, поприлично богат. Проектот за известување за криминал и корупција (The Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) заедно со НОВА во Македонија и Чешкиот центар за истражувачко новинарство откриваат дека Мијалков има инвестирано милиони во скапи недвижнини во Прага.

Мијалков или шефот на македонската тајна полиција има голем број на непријавени инвестиции. Како јавен функционер тој е должен да го пријави својот имот во Антикорупциската комисија, но од она што е приложено на нивната веб страница во секцијата за имотната состојба на функционерите може да се види дека недостасуваат некои од скапите недвижнини. Многу од нив се поврзани со други контроверзни бизнисмени и политичари.

Сашо Мијалков не одговори на ниту едно од новинарските прашања. Неговиот портпарол вети дека ќе испрати одговори, но тоа никогаш не го направи.

Имотот во Прага

Како државен службеник тој е должен да поднесе детален приказ на неговата имотна состојба во Антикорупциската комисија. Законот, исто така, вели дека тој мора да пријави и секакви промени во имотната состојба во Антикорупциската комисија кои ја надминуваат вредноста од 20 просечни плати. Во изјавата која ја поднел, а која може да се провери на веб страницата на комисијата, тој испуштил да наведе дел од неговата сопственост. Тој поседува апартман во Прага во стариот град и акции во компанија во Чешка, некои од нив и продадени. OCCRP и партнерите најдоа најмалку 2 милиони евра вредни недвижнини регистрирани на неговата компанија, како и на негово лично име кои тој би требало да ги пријави.

Станот на компанијата на Сашо Мијалков Ефишенси во центарот на Прага во Стариот град на улица Бетлемска. Станот има 137 квадрати и се наоѓа на третиот кат

Имотните документи во Чешка покажуваат дека тој поседува 15.000 метри квадратни градежно земјиште во областа Велеславин во чешката престолнина, место чија вредност се проценува на околу 1 милион долари. Тој, исто така, поседува и стан во областа Микле, познат бизнис кварт во Прага.

Шефот на тајната полиција, исто така, е поврзан со мрежа на компании, а преку тие компании и со влијателни чешки и странски бизнисмени.

Според македонските закони, јавните функционери смеат да имаат приватен бизнис додека се на функција, но приватните интереси мора да бидат регистрирани пред институциите. Казната за ова е мала – од 300 до 800 евра.

Македонски владин службеник и бизнисмен во Европската унија

Сега 48 годишниот Мијалков ја започнува својата кариера во администрацијата во 1998 година, по стапките на својот моќен татко, Јордан Мијалков кој беше првиот министер за внатрешни работи на Македонија по стекнувањето на независноста на земјата. Постариот Мијалков загинува во сообраќајна несреќа во 1991 година.

Помладиот Мијалков ги следи стапките на својот татко и во бизнисот – Јордан Мијалков во осумдесеттите години е претставник во Прага на, во тоа време компанијата во државна сопственост Макотекс не само во администрацијата, туку и во бизнисот. Семејството Мијалкови поминува доста време во чешката престолнина поради природата на работата на таткото.

Првата работа во владата на младиот Мијалков е помошник на министерот за одбрана за безбедност и разузнавање на која што позиција доаѓа веднаш по дипломирањето. Како што напредува неговата кариера во администрацијата, така напредуваат и неговите бизниси во чешката престолнина.

Во 2003 година Мијалков паузира од државните работи, за да се врати во 2006 како шеф на македонската тајна полиција. Новиот политички амбиент креиран по доаѓањето на власт на партијата ВМРО ДПМНЕ му носи предност на Сашо Мијалков – создадено е триото на најмоќните во државата, често именува како „фамилијата“ сочинето од самиот Мијалков, неговиот прв братучед, премиерот Никола Груевски, и кумот на премиерот и министер за финансии Зоран Ставревски. Згора на сето ова, братот на Мијалков, Владимир е советник во кабинетот на генералниот директор на македонската царина.

Експертите за антикорупција ова состојба ја именуваат како очигледен конфликт на интереси.

„Постои очигледна ситуација на непотизам. Тоа им овозможува да ги контролираат сите власти и преку буџетот и преку механизмите на тајната полиција“, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Интернешнл – Македонија и прв претседател на Антикорупциската комисија. „Овие врски се многу силни и со текот на времето генерираат огромна финансиска моќ – и за нив лично и за партијата на која припаѓаат. Тоа им дава комплетна моќ за да ги контролираат механизмите на демократијата“.

Чешките компании

Мијалков ја основа својата прва компанија во Чешка во 1993 година заедно со неговиот брат. Ја нарекуваат „Мијалков с.р.о“, за подоцна да ја преименуваат во „Ефишенси с.р.о“. Примарната цел и да работи на пазарот со недвижнини. Од 2008 година наваму Мијалков е единствениот сопственик. Оваа компанија поседува луксузен апартман во центарот на Прага во популарниот Стар град. Според чешкиот катастар овој имот е купен во 2001 година, а вредноста тогаш му е проценета на 360.000 германски марки или околу 235.000 долари.

Исто така, Ефишенси поседува удели во друг бизнис со недвижнини, односно компанијата „Стајл Фешн с.р.о“. „Миртланис с.р.о“ е трета компанија која до скоро беше во сопственост на Мијалков, за бргу по стекнувањето на сопственоста да ја продаде на фирмата „Тасига Корп“ од Панама, позната како оф шор дестинација или даночен рај.

Неодамнешното седиште на компаниите на Сашо Мијалков во областа Нусле, Прага. Сопственици на куќата се семејствата Јанакиев и Гацов преку нивните фирми. Горан Гацов се појавува и како директор на компаниите на Мијалков и други компании поврзани со неговите соработници

Компанијата „Миртланис“ претходно поседува 15.280 квадрати земја во областа Велеславин, една од најскапите реони во Прага, но на 7 Јануари годинава ова земјиште се префрла на Мијалков лично.

Земјиште познато како Стрнадови заради распослано е на повеќе од 50 000 квадратни метри. Го делат Мијалков и 3 други компании. Десно во средината на земјиште постои железничката пруга. Земјишната парцела од неодамна е напуштена, со исклучок на парчето на Мијалков. Таму постои стража со куче и бројни плочи на кои “Приватната сопственост, влез строго забрането. Внимавајте, куче.”

Четвртата компанија „Сервис Поинт ММ с.р.о“ е ликвидирана во 2013 година откако истата компанија успева да изгради 50 луксузни апартмани во областа Михле во Прага. Земјата на која се градат овие апартмани ја обезбедува Мијалков, инвестицијата е вредна 500.000 долари, а тој тогаш поседува 50 проценти од уделите во фирмата. Сашо Мијалков поседува имот, односно стан во овие апартмани кој што го нема пријавено во Антикорупциската комисија. Останатите удели во оваа фирма се поделени помеѓу браќата Воислав и Дејан Спаравало, долгогодишни партнери на Мијалков со добри локални врски.

Комплексот изграден од Сашо Мијалков и Спараваловци каде што Мијалков поседува и дуплекс апартман од 80 метри квадратни на 3 и 4 спрат

Тасева за НОВА и OCCRP вели дека имањето бизниси во странство само по себе не е проблем се додека е уредно пријавено и е транспарентно.

Горан Минчев, претседател на парламентарната комисија за надзор над тајните служби, вели дека конфликт на интерес постои иако Мијалков тврди дека неговите бизнис интереси не се конфликт и не се илегални.

„Тој е директор на тајна полиција, може да ги следи комуникациите, да прислушкува телефони на бизнисмени, на пример, да ја следи берзата и економските трендови. Дури и во ситуација кога неговите бизниси се надвор од Македонија, тајната полиција соработува со други странски служби, па оттука од позицијата и можностите неговата моќ е неизмерна“, вели Минчев.

Пари и пријатели

Браќата Спаравало
Помеѓу нив и следните:

–Милутин Периќ, неформалниот лидер на чешката коцкарска индустрија која води цела мрежа на казина и слот машини;

–Милорад Мишковиќ, инвеститор во недвижности кој е поврзан со високи профили на чешки политичари;
– Миодраг Максимовиќ
–Томас Самии, адвокат од Њујорк кој станува инвеститор во недвижности и кој има бизнис со поранешниот хрватски генерал Владимир Загорец и израелскиот трговец со дијаматни Лев Левиев;

Во 2005 година Воислав Спаравало се сели во Монако, каде што сега има трајно жителство.

Оригиналниот наслов на сторијата е „The Landlord Spy“. Англиската верзија на истата прочитајте ја на страницата на Проектот за известување за организиран криминал и корупција или скратено OCCRP. Оваа организација е една од водечките во светот во областа на истражувачкото новинарство. Нивната програма ја сочинува платформа од мрежа на невладини организации за истражувачко новинарство и независни медиуми од Источна Европа па до Централна Азија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.