Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сцената во Скопје, трагедија за Македонија

0
By Нова ТВ on April 3, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2015 12:24

Направив прошетка низ Скопје за да ги видам најновите споменици и згради што не сум ги видел. На прошетка низ центарот на градот, ме симнаа на главната пешачка зона до старата железничка станица, од каде што ја почнав потрагата по новата зграда на седиштето на владејачката партија.

Одејќи кон неа, бев обземен од големите столбови на зградата на Министерството за финансии. Се приближив до зградата, отидов до столбовите за да ги допрам бидејќи ми изгледаа премасивни за да бидат вистинити. И видов дека не се. Чукнав на нив, тие беа празни, изработени од гипс.

И тогаш ми стана јасно. Она што го гледав во текот на годините при моите посети на Скопје не е мега процес на реконструкција на градот кој го менува неговиот пејзаж, туку процес во кој Владата гради театарска сцена.

Како и во театарската претстава, овие нови згради се нова архитектура, која треба да личи на старата, што потсетува на сценографија на трагична драма.

Каде и да погледнете, зградите се тенки и тие ги прикриваат постарите, повеќето од нив се дел од модерната архитектура, како што е случајот на зградата на Археолошкиот музеј кој ја крие модернистичката зграда на операта.

Дури и новата помпезна зграда на владејачката ВМРО, на само неколку метри од Министерството за финансии, е само неколку прозорци длабока (за сега). За разлика од министерството, тука столбовите се направени од вистински камен. Дали тоа што министерството е украсено со гипсени столбови, укажува дека државата е лажна, но партијата вистинска?

Ова е сцената – а со оглед на квалитетот на многу од зградите, на што привремено е поставена сегашната македонска трагедија: Владата и опозицијата се главните актери и еден хор од меѓународни актери.

Владата може да ги преживее, надживее обвинувањата за корупција и злоупотреба на службената должност, или би можела евентуално да се сопне среде обвинувањата, мобилизацијата на опозицијата, да дезертира од внатрешен или надворешен притисок (незабележливо во моментот).

Без оглед на исходот на кризата (пишував за тоа како да се надмине), сцената ќе остане. Дали ќе се распадне и биде потсетник за 7-годишната лудост, и предупредување што една влада без скрупули и опседната со градењето на нацијата набрзина прави или ќе продолжи да биде реквизит за нов национален наратив кој се протега од згради до учебници во јавниот дискурс?

Лажните столбови сугерираат дека оваа сцена ќе бара континуирано одржување за да се одржи самата, а тоа дава некаква надеж.

Колумната е преземена од блогот на австрискиот аналитичар и професор Флориан Бибер

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.