Скопје: На граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ се одржа свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации, министри, вицепремиери, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.
СВР Скопје презеа мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – Скопска обиколница.