Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донаторите од Израел мераклии за данок, иако не морале да платат

0
By Нова ТВ on April 3, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2015 16:56

МВР во вчерашното соопштение, по повод „бомбата“ на Зоран Заев за наводна провизија при набавка на опрема од Израел, тврди дека Израелците во 2011 ја префрлиле донацијата од 5,5 милиони евра на компанијата која набавила опрема. Понатаму, според полицијата 4.4 милиони евра од тие пари биле исплатени на производителот на опремата, додека остатокот од 1,14 милиони биле исплатени во буџетот на Македонија на име на царина и на ДДВ.

Полицијата потенцира дека не станува збор за набавка на опрема за прислушување, како што тврдеше Заев, ами за опрема за специјалните единици на МВР.

Со оглед дека МВР тврди дека при набавката на опремата се платени царина и ДДВ, чудно е што во овој случај не била искористена можноста за ослободување на донацијата од овие давачки.

Имено, во Упатството на УЈП стои дека се ослободува од давачки увозот на добра-стоки потребни за реализирање на проекти финансирани со парични неповратни средства на странски донатори, за кои постои договор помеѓу Владата на Македонија и странскиот донатор, во кој стои клаузула дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во државава.

– Навистина не ми е јасно зошто Израел би платил еден милион евра повеќе за царина и за данок кога има можност да не плати. Во принцип ниту еден странски донатор не сака да го полни буџетот на земјата на која ѝ донира, вели Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика.

Таа објаснува дека дури со земјите кои се чести донатори на Македонија, како Шведска на пример, државава склучува меморандуми со кои сите идни донации се ослободуваат од овие давачки.

– Сите странски донации се заведуваат во Централната база на податоци за странска помош во Секторот за европски прашања и врз основа на регистрацијата во базата, Управата за јавни приходи издава решение за ослободување од данок. Постои можност да се избегне оваа регистрација и донаторот да си плати данок, меѓутоа тоа е невообичаено – вели Ристевска Јорданова.

Интересно е дека во Централната база на податоци за странска помош, којашто ги регистрира донациите уште од 2002 година, го нема Израел како земја од каде дошла било каква помош. Базата е сложена за пребарување и со оглед дека донацијата е класифицирана како државна тајна недостасуваат параметри за да се пронајде оваа странска помош во обемната база, доколку воопшто е нотирана таму.

ФИРМАТА ШТО ЈА НАБАВИЛА ОПРЕМАТА РАБОТЕЛА БЕСПЛАТНО?

Во вчерашното соопштение на МВР стои дека во компанијата што ја набавила опремата не останало ниту едно евро од донацијата. Оттука произлегуваат уште две прашања на кои нема одговор. Која е компанијата што ја набавила опремата и дали, според она што го кажува МВР, оваа фирма бесплатно посредувала при набавката на опремата?

Од МВР велат дека името на фирмата-добавувач е дел од договорот којшто е класифициран како државна тајна, а оттаму не одговараат ниту која е улогата на компанијата НВСП, на скопјанецот Владислав Стајковиќ, којашто се спомнува во снимките што во средата ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

НВСП е формирана во мај 2006 година, меѓутоа, според документите од Централниот регистар, во декември 2009 истава фирма добила од полицијата одобрение за вршење промет со оружје, муниција, и со делови за оружје.

НОВА денеска контактираше со сопственикот на НВСП, Стајковиќ и тој одби да коментира било што во врска со случајов, бидејќи како што рече, МВР излегло со соопштение и тој нема што друго да додаде.

За тоа кои се бизнисите на НВСП во медиумската сфера и што работи нејзиниот газда Владислав Стајковиќ, НОВА пишуваше неделава и тоа можете да го прочитате на следниов линк.

МВР досега не се изјасни зошто токму директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и тогашната негова соработничка, Светлана Костовска ја договараат реализацијата на донацијата, со оглед дека опремата била за специјалните единици кои не се во надлежност на тајната полиција.

Засега останува непозната и улогата на Костовска.

Поранешната вработена во УБК, Светлана Костовска во март 2011 е избрана за судијка во Вишиот управен суд, а според СДСМ, дел од снимките во коишто таа ја договара зделката со Израелците потекнуваат во периодот потоа. Костовска ја баравме во Вишиот управен суд, меѓутоа ни кажаа дека е на некакво советување и до објавувањето на овој текст не успеавме да ја прашаме дали навистина и како судијка работела на реализацијата на израелската донација.

Останува нејасно и за каква провизија од 200.000 зборуваат Костовска и Мијалков на една од снимките, со оглед дека судијката за парите има дилема „да ги пренесат преку банка или не“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.