Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите значења на една израелска поговорка

0
By Нова ТВ on April 4, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2015 11:13

Крвта на патриотизмот има чудни супстанци, пријатели! Во срцето на оваа власт, кое чука исклучиво за Татковината (банкарските сметки, така би го дефинирал Заев тоа домољупство) како што поминува времето и се фрлаат бомбите во секој нејзин крвен сад, се стеснува просторот за сомнежи за мотивите на владеењето на Груевски и фамилијарната компанија.

Патриотизмот пршти од сите страни, не знаете кој подобро од Владимир Пешевски би ја испеал песната “Едно име имаме”, ден потоа, откако беше фрлена бомбата за кинеската зделка и неговиот разговор со Миле Јанакиески.

Тоа е тој патриотизам за кој ви говорам: “Со бомбите што ги објавуваат, тие свесно ги нарушуваат односите со Република Кина. На неодговорноста на СДСМ и желбата да се дофати до власт по секоја цена и нема крај, а тоа Македонија ќе ја чини многу“, рече меѓу другото Пешевски, на народниот собир во Штип. Се сложувам со вас господине Пешевски, навистина едно име имаме, како и вие. Кое и да го одберете, внимавајте на ушните тапанчиња во соло-настапот, затоа што ние подобро го знаеме од вас, секако.

Не ви се доволно патриотски докази? Донација на Израел за опрема класифицирана како државна тајна, пари префрлани во банка во Будимпешта, затоа што имало проблем со трансферот во македонските банки, според објаснувањето на Иво Котевски. Провизијата која се споменува е банкарска провизија, појаснува Котевски, а Заев добива уште една кривична пријава за оддавање на таа државна тајна.

Или, како што вели старата Израелска поговорка: Klieg, Klieg, Klieg-Du bist a Nar. Ти си паметен, паметен, паметен- но не си толку паметен!

Чист патриотски чин е оваа донација- започнувајќи од шефот на тајната полиција, чие име би требало тивко да го изговорите, а јас нема да го споменам согласно максимата- Татковината, тоа е тој, предавниците, тоа сме ние! Во домољупците сместете ја и Светлана Костовска, девојката која му вели на Мијалков дека му е вечно должна откако и соопштува дека станува судијка, онаа која со Израелците ги договара трансферите за донацијата и провизијата, а каква експедитивност, во исто време се договара и царина, веројатно на уште недобиената опрема.

Се е непознаница, со оглед на тоа што никој не понудува документ со кој би се видела сумата и договорот за донација и провизија на банката, а согласно прописите за државната тајна, нека бидат скриени деталите за опремата.

За патриотскиот чин не се потребни докази, пријатели, тој е како крст зацртан на нивните оросени со пот чела, од каде ги бришеме капките и лепиме нови милиони евра народни пари. Тоа е се што можеме да им понудиме, додека тие го даваат срцето за Татковината, додека главата им експлодира од секоја наредна бомба, од секој нов стент кој меѓународната заедница се поретко им го донира, како што изминува времето, како што ја погодуваат шрапнелите и неа, до вчера, заспаната убавица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.