НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

0
By Marija Todorovska on April 15, 2025 ВЕСТИ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. ДКСК препорачува да се преиспита членот што ја регулира обврската за објавување на целокупната документација за јавните набавки согласно Законот за јавни набавки кој предвидува објавување релевантни документи, како и да се допрецизира постапката за констатирање престанок на функцијата на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик.

Како што истакна членот на ДКСК Софија Спасова која на денешната седница го образложи Извештајот за антикорупцикста проверка на Законот, треба јасно да се разграничи и прекршочната одговорност меѓу раководното и службеното лице за информации во Агенцијата, согласно нивните реални надлежности.

ДКСК смета дека поимот „целокупна документација“ во однос на јавните набавки не е прецизно дефиниран поради што може да се случи да се објават доверливи информации и повреда на правата на трети лица. Во однос на престанокот на функцијата и разрешувањето на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик, став 1 предвидува основи за престанок на функцијата пред истекот на мандатот, а според став 2 Собранието на РСМ констатира престанок на функцијата во случаите предвидени во ставот 1. Но, не е пропишан рок, ниту постапка, а тоа овозможува евентуално одолговлекување, селективност и неизвесност во управувањето со институцијата. За прекршочните одредби ДКСК утврди постоење несразмера одговорност. Предвидени се само 500 евра глоба за раководното лице ако не назначи службено лице за посредување со информации и не обезбеди информирање на јавноста за тоа лице, но предвидени се и 250 евра казна за службеното лице за повеќе прекршоци  – ажурирање на листата на информации, помагање на барателите, почитување рокови за одговор на барањата,…, укажа Спасова.

Таа се осврна и на имателите на информации каде, исто така се утврдени регулаторни ризици.

Обврска на имателите на инфорации е редовно да ажурираат листа на информации со кои располагаат и јавно да ја објавуваат, но оваа одредба нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени, ниту на кој начин и во кој формат, што остава широк дискрециски простор на имателите на информации да одлучуваат што ќе објават и како. Тоа е ризик од ограничена транспрентност со можност за селективно објавување или прикривање на информации од јавен интерес, подвлече Спасова.

Додека ДКСК го изготвувала Извештајот, на ЕНЕР е објавен Предлог-закон за измена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Антикорупциска проверка за текстот не е побарана, рече Спасова, поради што, најави, ако измените се донесат, ќе бидат дополнително разгледани

ДКСК информации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.