Илјадници граѓани се осудени, без нивно знаење на казна затвор во траење од три месеци или условно од една година бидејќи податоците на УЈП покажале дека имаат поголем приход од прикажаниот во обрасците што ги пополнувале во ФЗОМ. Затворите наскоро ќе бидат преполни, околу 2000 луѓе веќе имаат правосилни пресуди.
-Станува збор за грешка во системот на податоци, за неинформираност на граѓаните како треба да ги пополнуваат формуларите, велат во невладините организации. Во ПРОЦЕС на оваа тема зборуваат Несиме Селиоска, извршна директорка во НВО РОМА СОС од Прилеп, и Тање Тренкоска, правничка во оваа организ,ација.