Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворени 27.600 места за упис во средно – 18.000 за стручни училишта

0
By Marija Todorovska on April 23, 2025 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 23, 2025 14:21

Од предвидени 27 600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7900 се слободни за гимназии, а околу 18 000 за стручни училишта, од кои 6700 за дуалното образование. Останатите слободни места во објавениот конкурс се за уметничките училишта и за Спортската гимназија.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска соопшти дека бројот на дуални паралелки во училиштата е зголемен согласно анализата на пазарот на трудот во општините и во зависност од тоа колку компании се заинтересирани.

Но, секако, тој процес се подобрува и очекувам оваа година да биде на навистина задоволително ниво. Се зголемува и бројот на компании, над 550 компании веќе се активно вклучени, по завршување на конкурсот ќе видиме уште колку други ќе се вклучат. Но, според информациите кои ги добивам, постои заинтересираност за дуалните паралелки, изјави Јаневска на настан на Машинскиот факултет по повод донирана опрема за лабораторија.

Во минатите две учебни години стручните училишта беа избор за две третини од вкупниот број запишани ученици во прва година. Овој тренд, според Јаневска, нема да има негативен ефект за гимназиското образование.

Нема да има негативен ефект, напротив, очекувам целото општество да се прилагодува на потребите на државата. Имаме извоз на мозоци и недостиг на работна сила и тоа е проблем кој мора да се решава. Затоа што доколку имаат можност, преку дуалните паралелки, учениците да останат на работа во компаниите, тие и ќе останат во земјава. Со завршување на средно стручно тие веднаш можат да влезат на пазарот на труд или да го продолжат своето образование, додека гимназиското образование генерално се предвидува за оние кои веќе знаат дека ќе го продолжат своето образование. Затоа што пазарот на труд бара помалку такво општо образование откоку што бара стручно образование, рече Јаневска.

Пријавувањето на учениците за упис во средно образование ќе биде електронско преку линк до системот за електронски услуги на МОН https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

Ќе има две пријавувања во јунскиот уписен рок и едно во августовскиот.  Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август 2025.

Во објавениот Конкурс се наведени условите за запишување на учениците во прва година, утврдениот минимум број поени за пријавување, потребната документација која учениците ќе треба да ја достават во избраното средно училиште по успешното електронско пријавување, како и насоки за  спроведување на конкурсот.

гимназија Јаневска Средно образование стурчни училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.