Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија на политичка раскрсница по изборите на 7 мај

0
By Нова ТВ on April 7, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ни конзервативците ни лабуристите во Велика Британија најверојатно нема да успеат да освојат апсолутно мнозинство од 325 места од вкупно 650 во Парламентот на претстојните избори закажани за 7 мај.

Веќе самото ова кажува дека оваа островска земја се наоѓа на еден вид раскрсница бидејќи во текот на долги години на политичкиот пејсаж доминираа овие две партии. Овој пат, покрај двете партии на сцената се профилираат и други така што Велика Британија на овие избори лесно може да влезе во “повеќепартизам” и да излезе од досегашната би-партиска политичка сцена.

Сите аналитичари се согласуваат дека овие избори ќе донесат промена во Велика Британија пред се на политички план.

За прв пат Дејвид Камерон, премиер и лидер на конзервативците и Ед Милибанд, лидер на лабуристите, ќе мораат најверојатно да влезат во пошироки коалиции за да состават влада.

Моменталниот рејтинг на двете партии е речиси идентичен, со 34 отсто за конзервативците и 33 отсто за лабуристите. Рејтинзите на другите партии кои би сакале да имаат одлучувачка тежина во составувањето на идната влада се 13 отсто за евроскептиците и популистите од УКИП, 8 отсто за Либ-дем и 5 отсто за зелените.

Либ-дем се веќе во коалиција со конзервативците. Тие ќе треба или да ја продолжат истата соработка или пак да потпишат политички сојуз со лабуристите во зависност од резултатите на изборите.

Тука се и шкотските сепаратисти СНП кои не ја напуштиле идејата за независност и се залагаат за уште еден референдум за независност на Шкотска подалечна иднина.

Но и покрај оваа промена која со доста сигурност ја најавуваат аналитичарите, премиерското место ќе се бира помеѓу двајца луѓе: десниот Дејвид Камерон, 48 години и левиот Ед Милибанд, 45 години.

Изборната дебата се фокусира на економијата, кризата на здравствениот систем, имиграцијата и Европа. Камерон би сакал да ја “заврши работата”, како што вели самиот, започната во овој мандат и тврди дека земјата има голем развој и невработеност која е намалена и изнесува 6 отсто.

Неговиот противник Милибанд пак ги подвлекува штетите што ги донеле мерките за штедење, дека има зголемување на нееднаквоста во општеството и пад на приходите на средната класа.

Но тоа не е се. Според аналитичарите, Велика Британија се движи и кон креирање на еден вид федерална држава составена од Англија, Шкотска, Северна Ирска и Велс. Пред се поради се поголемата популарност на националистичките партии и евроскептицизмот.

Конечно, изборите од 7 мај ќе донесат уште едно големо прашање. Доколку победи, Камерон вети дека ќе организира референдум во 2017 година за тоа дали земјата треба остане или да ја напушти Европската унија.

Според Сајмон Хикс, политолог од познатата Лондонска школа за економија, ако сака да остане на политичката сцена, Камерон мора да ги добие изборите и тоа со добра разлика а ако разликата е мала, дури и во случај на победа, нема да му биде лесно да продолжи да биде премиер.

Милибанд исто така ќе мора си оди доколку не победи (неговиот личен рејтинг не е голем), особено после опозиционерство во текот на пет години кои за Британците беа тешки поради мерките за штедење на конзервативците.

Слична судбина можеби го чека и Ник Клег, лидер на Либ-дем, доколку не добие во својата општина Шефилд.

Изборниот систем во Велика Британија го прогласува за победник кандидатот кој победил во секоја изборна единица без разлика на бројот на гласовите. Тоа значи дека на пример шкотската СНП со 3-4 отсто гласови ќе има можеби и четириесет пратеници додека популистичкиот УКИП, кој се кандидира на целата територија на Велика Британија, може да добие само еден пратеник и покрај тоа што најверојатно ќе освои околу 10 отсто гласови.

Во секој случај, сметките и плановите за тоа кој со кого може и сака да прави коалиција по изборите се веќе започнати. За идните победици во идната влада предизвиците се големи, економски и социјални но пред се политички.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.