НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трендафилов: На 1 Мај ќе протестираме за зголемување на платите и за работнички права

0
By Marija Todorovska on April 30, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)  Слободан Трендафилов најави дека утре на Денот на трудот – 1-ви Мај  синдикатот ќе протестира за зголемување на платите и работничките права. Протестот започнува во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата.

Сојузот на синдикатите на Македонија, на 1 мај излегува на протест да демонстрира, да бара зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, да бара зголемување на сите останати плати за 100 евра, да бара почитување на колективните договори, зголемување на платите на вработените согласно придобивките од истите, рече Трендафилов на прес-конференција.

Тој најави дека на протестот ќе се приклучат и други синдикати кои, потенцираше, застануваат на страната на работнички права. Трендафилов нагласи дека барањата не се денешни, вчерашни, ниту пак ќе завршат утре.

Протестот е начин на Први мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија, а како што многупати сме кажале досега се најниски во регионот, а не зборуваме и за пошироко. Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите кои му мислат добро на работникот во текот на утрешниот ден, 1 мај во 11 часот да ни се приклучат на работничкиот протест  на рутата на движење-Собрание-Стопанска комора-Влада, повика Трендафилов.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа дека на протестот ќе нема сендвичи и посочи дека „сите работници се добредојдени на протестот за зголемување на платите за да можат да си дозволат повеќе од сендвичи за нивните семејства“.

Како што кажа и претседателот на Владата, а за жал го поддржуваат и синдикалци кои не заслужуваат да се наречат синдикати. Од Сојузот на синдикати на Македонија се бара Општиот колективни договор за јавниот сектор да биде ставена „ад акта“ работниците во јавниот сектор 130 000 на број да не добијат 12,6 проценти или да немаат можност да тужат за да добијат 12,6 проценти, за потоа да се склучат колективни договори за пониски износи за усогласување и зголемување на нивните плати како што тоа беше случајот во образование со седум проценти оваа година и во здравство пет проценти кои за жал вработените во здравство сè уште ги немаат добиено, рече Трендафилов.

Претседателот на ССМ, одговарајќи на прашања дополни дека она што го имаат предвидено согласно ОКД гарантира зголемување на платите на работниците без никаков влијание на ниту еден функционер.

Но, за жал денеска само синдикалци можат да направат штета на работниците како што сум кажувал многу пати во минатото и кога синдикалци поддржуваат владини политики тоа секогаш е на штета на работниците. Тоа што го кажал и претседателот на УПОЗ минатите неколку денови е тоа што има уцена за укинување на еден колективен договор за 130 илјади работници во јавниот сектор во Македонија на сметка на неколку илјади работници во јавниот сектор. Тоа што забораваат да ви го кажат или забораваат да го кажат колегите од другите синдикати кои за жал, слават први мај на 30 април е тоа што тие прифаќаат далеку пониски износи од тоа што е предвидено денеска и со закон и со колективен договор. ССМ нема да дозволи ниту еден работник од ССМ да пати за зголемување на платите, кажа Трендафилов.

На прес конференцијата посочи дека Владата вети дека од мај ќе бидат зголемени платите на работниците кои во почетокот на јануари протестираа пет денови пред министерствата и завршија пред Министерството за финансии, некои барале додаток на нивната плата од 30 отсот како што имаат дел од работниците во јавниот сектор, во дел од институциите-додаток на плата. Тоа што досега не е сторено, посочи Трендафилов, е што овие работници немаат добиено никакво зголемување на нивниот додаток на плата за 30 проценти ниту пак некој друг износ.

За жал политичките памфлети преминуваат и кај синдикатите кои се обидуваат да продадат приказна дека работниците треба да бидат задоволни со далеку помалку од предвиденото, рече Трендафилов.

Одоговарајќи на прашања, Трендафилов истакна дека нема социјален дијалог, затоа што нема Економско-социјален совет, репрезентативен синдикат на страна на работниците, нагласувајќи дека не мора да биде ССМ, туку кој било друг синдикат.

Се  додека имаат изговори дека немаат социјален партнер репрезентативен од спротивната страна да ги истакнува барањата на работниците ако не нè слушаат на маса ќе нè слушаат на улица, рече Трендафилов.

ССМ трендафилов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.