Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нашите деца не се збирштина на безрбетници #поздравпленумци

0
By Борјан Јовановски on April 7, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 7, 2015 23:09

Пролет доаѓа. Еве го и Велигден со целата негова симболика. Метеоролозите најавуваат сонце и веќе од вчера никнуваат и се шират цветови во најразлични бои насекаде во дворовите и аулите на средните училишта во Скопје а слушам и низ цела Македонија.

Средношколците поучени и охрабрени од нивните колеги студенти решија да одржат час по достоинство и интегритет, предмет на кои би паднале, со сите можни врски сите министри во владата и оние пратеници кои ги поддржуваат во Собранието. Тие за овие предмети ниту слушнале ниту знаат што се. Незнаењето јасно го демонстрираше ресорниот министер Абдулаќим Адеми и неговата администрација во министерството за образование кои ги повикаа наставниците и родителите да ги приберат децата бидејќи тие биле малолетни. Чудно ама ете огромно мнозинство на родители ги поддржува тие малолетни деца во нивното настојување да бидат слушнати. Очајни се обидите на провладините медиуми кои пласираат изјави на два тројца родители кои изразуваат незадоволство од иницијативата на средношколскиот пленум . Не би сакал да шпекулирам но само можам да претпоставам дека станува збор за родители кои се дел од масата заплашени и понижени граѓани пред дрскоста на оваа власт која не бира средства за уцена само и само да ги реализира своите небулозни амбиции.

И јас сум еден од родителите кои на своето дете му дадоа поддршка во настојувањата да го манифестира својот интегритет. Горд сум на тоа што го гледам детето како расте во духот на ова масовно граѓанско будење по комата во која е западнато во изминатите 25 години.

Воопшто немам намера ниту како родител ниту како новинар да навлегувам во барањата на средношколскиот пленум иако се разбира има многу што да се каже и зборува на таа тема. За некои од нивните барања и јас би им се спротивставил но не вака, не дрско, не вулгарно негирајќи го наследството кое го оставаме по нас. Поучени од поразите кои ги доживуваме во минатото очајни што не можеме да го вратиме времето назад многу одамна кога требаше како граѓанство да се спротивставиме на очигледните штетни политички тенденции кои во предвид ги земаа сите само не нашите, граѓански интереси денеска јасно ставаме на знаење дека немаме намера низ истата нечиста вода да го пуштиме и нашето најсвето поколение.

Искрено жалам ако многумината од министрите и пратениците се растени во примитивни услови во кои никој и никогаш не ги прашувал за мислење туку тоа им се налагало со шамари па и други побрутални форми. Претпоставувам дека не им е лесно да живеат денеска со тие трауми од детството но исто така немам намера ниту јас ниту многуте родители кои самиот ги слушнав како размислуваат да ги калапиме децата во матриците на 19 век. Ние сакаме деца со став , со свое мислење или што би рекол мојот драг покоен пријател Никола Младенов, ние сакаме децата да ни живеат во општество на слободни луѓе а не во збирштина на безрбетници каква ја налага овој ментален склоп на владејачката структура.

За тоа да биде така сакаме деца кои ќе растат во духот на толеранцијата, меѓусебното разбирање духот на отворената дебата, духот ослободен од тоните балкански стереотипи и предрасуди. Токму затоа јас не си дозволувам на себе самиот на ќерка ми да и издадам наредба и да и читам декрети туку од неа барам разговор за да дојдеме до решението кое најсоодветно ќе одговори на нејзините потреби. Па ако јас и многу други родители го правиме ова зошто би дозволиле некој си Абдулаќим или било кој друг абдал од владата да им мафта со прстот на нашите деца и да им издава декрети попратени со недолични закани и најразлични притисоци за тие нивни декрети да бидат реализирани. Нашите деца се малолетни, тие се образуваат со наши пари а вие во владата како слуги на граѓанството (civil servant) ќе се помачите да го испорачате најдоброто можно решение за иднината на нашите деца. Тоа значи дека понизно треба да се обратите до нив, со респект за нивната бунтовност, да ги сослушате со големо трпение. Тие може би ќе бидат конфузни, нејасни но вие ќе си ги слушате ќе им предлагате решенија а може би (сигурен сум) идејата за вистинското решение ќе дојде токму од тој врутокот на енергија и идеи кои вам никогаш не ви бил својствен. Затоа наместо да праќате инспектори , наместо да се закануваат на родители чиј работни места зависта од вас, наместо да им се заканувате на наставниците и директорите и да манипулирате преку вашите милионски платени медиуми марш на работата која ви е доверена, да повторам уште еднаш , како слуги на граѓанството кое ви се случи токму како реакција на вашето примитивно појмење на демократијата. И не заборавајте дека и вие имате деца кои ако ги оставите како и вие да бидат дел од збирштината безрбетници најголемата казна ќе ве стигне токму од нив.
#Поздравпленумци
#МираТатоСеГордееСоТебе

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.