НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами: Таравари нема да биде дел од Владата

0
By Zoran Ivanov on May 9, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арбен Таравари нема да биде дел од Владата, но во извршната власт ќе може да останат членовите на Алијанса за Албанците кои не се согласуваат со него, изјави денеска во Тетово Биљал Касами на новинарско прашање што се договориле како коалиција „Вреди“ со премиерот Христијан Мицкоски. Според Касами, за да се направат промени во Владата ќе треба повеќе време, иако вчера рече дека следните денови ќе има и конкретни чекори во тој правец.

Ние одлучивме дека во следниот период ќе работиме заедно во правец на тоа да Арбен Таравари како главен носител на идејата за соработка со ДУИ да не биде дел од Владата. Договор има дека кој било што соработува со Али Ахмети, во ваква ситуација не може да може да биде дел од Владата. За динамиката и модалитетите како тоа ќе се спроведе од моментот кога ќе имаме конкретно решение, сигурно дека ќе се запознаеме јавноста, затоа што тоа не е едноставна работа. Ако се договориме дека ќе има реформирање на владата, ќе треба да видиме кои ќе треба да излезе и кој ќе треба да влезе, затоа што гледаме дека и во ваква ситуација има некои чинители во Владата кои се дел од партијата на Арбен Таравари, кои не се согласуваат со него, рече Касами.

Градоначланикот на Тетово и еден од лидерите на „Вреди“, смета дека треба да се прави јасна разлика меѓу Арбен Таравари, кој е носител на комуникацијата со Али Ахмети и Алијанса на Албанците. Тој потсетува на коалицискиот став дека Алијансата на Албанците е важен фактор на коалицијата „Вреди“ и нивната желба и понатаму е да биде дел од коалицијата.

Секој кој е дел од Алијанса на Албанците и кој сака да продолжи да бидат дел од Владата, ние сме отворени да продолжиме да соработуваме со нив. Значи, во моментот ние цениме дека главен проблем е директната соработка на Арбен Таравари со Али Ахмети. Таа одлука е веќе донесена, дека во случајот, Арбен Таравари не може да биде дел од Владата. Секој друг член на Алијанса на Албанците кој не се согласува со оваа соработка на Арбен Таравари со Али Ахмети е добредојден да продолжи да биде дел од Владата. Затоа треба да се се расчистат овие ситуации, кој е за и кој е против соработката со ДУИ, истакна Касами.

Според него, кога ќе се расчистат дилемите со АА ќе има и промени во нивните досегашните функционерски позиции во Владата и другите тела на извршната власт.

 

Касами коалиција Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.