НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лустрираниот судија Билески за НОВА: Од каде толку злоба во Милошоски кон мене?

0
By Нова ТВ on April 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Саше Димовски

Бомбите кои ги презентираше опозиционата СДСМ во Битола, покажаа дека Лустрациската комисија исполнувала желби на пратеници, за тоа кој треба да биде лустриран. Разговорите кои се водат помеѓу Томе Аџиев претседател на Лустрациска и пратеникот Антонио Милошоски, откриваат договор за лустрирање на Дрган Билески, судија од Основниот суд во Кичево.

Постапката ја иницира Антонио Милошоски, кој го известува Аџиев дека ќе најдат некое лице, како трето лице-заинтересирано, што ќе поднесе барање, а Аџиев ветува дека ќе го средат судијата.

НОВА контактираше со судијата Драган Билески, кој беше единствен актуелен судија, лустриран додека беше на функцијата. На прашањето, што ќе коментира, откако се дозна дека по телефон била нарачувана негова лустрација, Билески рече:

– Немам зборови. Не можам да сфатам од каде толку злоба во млад човек како што е Милошоски кон мене. Тој е генерација со ќерка ми, заедно учеа. Ниту сум имал било какви контакти со него ниту расправии. Напротив, ако гледам наназад, ќе се сетам дека татко му пред повеќе години имаше поднесено тужба за имот против свои роднини, тужбата беше основана и јас ја усвоив- вели Билески.

Драган Билески додава дека лицето Живко Туфегџиоски кое наводно се јавува како подносител на претставката за него, бил негова генерација, учеле во исто училиште, но никогаш не контактирале.

-Тој човек живее во Скопје, а не во Кичево, како што му вели Милошоски на Аџиев – потенцира Билески.

На лустрираниот судија сега му е јасно зошто Комисијата одлучувала без да го повика, разгледувале копии од документи а не оригинали како што предвидува законот и зошто двата Управни судови го одбиле неговото барање за одржување на јавна расправа, сослушување на сведоци и го потврдиле решението на Лустрациска.

– Комисијата за лустрација во 2010 има донесено решение дека не сум соработник на службите врз основа на извештаи од сите надлежни служби. Но, во 2012 носи ново решение, без да ми даде право да се произнесам по истото, како што предвидува законот, со што е промашена процедурата – вели Драган Билески.


Првото решение на Лустрациска во кое се вели дека Билески не бил соработник

По добивање на решението за лустрација, за да подготви тужба, адвокатот се обратил до УБК и барал податоци дали Билески фигурира во регистарот на соработници.

Од Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, кој се споменува дека треба да присуствува на состанокот со лустраторите во Влада, добиено е известување во кое пишува дека Драган Билески не е евидентиран како соработник на службите, ниту пак документите што ги објавила лустрациска се дел од архивите на УБК.


Допис од УБК во кој се вели дека Билески не бил заведен како соработник

Сепак, ваквиот доказ не бил доволен за управните судии, кои го потврдиле решението.
– Барав јавна седница не ми дозволија. Обезбедивме нотарски акт-изјава на полицискиот инспектор кој се споменува во фотокопираните материјали кој потврди дека тој не составил таква информација, ниту дека јас сум соработувал со него, но Лустрациска и судот останаа на својот став. Дури, Управниот суд тврди дека направил увид во оригиналите на документите- но оригинали нема- објаснува Билески.

Сега, неговиот предмет е во Стразбур, каде што ја тужи државата и бара надомест на штета.
-Јас имам 35 години судиски стаж. Веројатно еден од ретките судии во Македонија со толку стаж. Судев од 1979 година. Затоа, очекувам Стразбур да ја усвои мојата апликација а тоа ќе значи основ за повторување на постапката пред домашните судови. Ја баравме иницијативата за лустрација поднесена од третото лице, но не ми ја дадоа. Одлучувале врз фотокопии и документи кои ги нема во архивите на надлежните служби – тврди судијата Билески.

По донесување на решението за лустрација, Судскиот совет го суспендирал од позицијата судија и заменик претседател во судот во Кичево, иако законот не предвидел таков услов. Разрешен е во јули 2014 година, откако Вишиот управен суд ја потврдил одлуката на лустраторите.

-Од вчера, кога бил објавен разговорот, до средбата со вас ми се јавија десетици граѓани, кои од самиот почеток веруваа дека се работи за местенка и за нарачка, за да ми дадат поддршка. Во Кичево сите знаат кој е судијата драги Билески, а кој Антонио Милошоски – додава Билески.

Неговотото разрешување доаѓа неколку месеци пред пензионирањето. Од почетокот на годинава е во пензија.

Прислушуваните разговори откриваат дека лустраторот Аџиев и „бандата од кај него“ како што се изразува Гордана Јанкулоска се среќавале во Влада и се усогласуваат кого да лустрираат. Гледано од писмото што во јануари 2013 го дава УБК на барање на Билески, го потпишал Тони Јакимовски, шефот на кабинет на Сашо Мијалков, се заклучува дека судијата не бил договорен за лустрирање на тие состаноци, туку по барање и притисок на пратеникот Антонио Милошоски.

Судијката Виолета Богојеска која ја донела одлуката за потврда на лустрацијата, сега е унапредена во член на Судскиот совет.

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев

АМ: Здраво живо Томе, Антонио Милошоски е на телефон.
ТА: Е здраво, здраво
АМ: Значи јас обезбедив човек да ги напише да ги пополни тие формуларите за едно лице е сега утре каде кого да ги достави на пријавница
ТА: Службите, ќе дојди кај нас ќе ги примат луѓево
АМ: Ќе ги примат?
ТА: Не е проблем
АМ: Бидејќи тој не е, дојде од Кичево потпиша и замина нема да биде во Скопје. Дали може да ги донесе друг?
ТА: Може, зошто да не.
АМ: Може? Епа добро
ТА: Нека му ги дае на Билјана, Билјана ќе ги спроведи во архивата и нема проблем. Ќе му даи примерок дека е примен и готово.
АМ: Да, на Билјана еден примерок да и даде.
ТА: Нека му дае и готово ќе ги спроведе, не е проблем тоа.
АМ: Да, а отворено да ги даде да чукнат во архива дека се примени така?
ТА: Да де да, не е ич воопшто не…
АМ: Добро важи.
ТА: Нема проблем.
АМ: Важи, благодарам, поздрав, пријатно.
ТА: Поздрав пријатно

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев

ТА: Молим
АМ: Томе, здраво живо Антонио Милошоски е.
ТА: Здраво, здраво
АМ: Шо праиш добар си?
ТА: Добро добро еве сега нешто…
АМ: Со полна пареа сега.
ТА: Ха ха ха
АМ: Ха ха ха ха
ТА: Се загреваме…
АМ: Колку шо се може добро е. Денеска бил човеков и ја поднел
ТА: Е па добро, ало
АМ: Ало
ТА: Ало, прекина нешто телефонов
АМ: Аа ме слушаш Томе?
ТА: Да сеа слушам, слушам…
АМ: Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево
ТА: Така
АМ: И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот…
ТА: Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние
АМ: Колку шо може побрзо, ќе ни биде покорисно
ТА: Ќе го пуштиме сега веднаш со сите…
АМ: Да. Важи добро
ТА: Така
АМ: Поздрав голем, се најдобро.
ТА: Ајде поздрав пријатно.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.