Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќерката го исклучи својот татко од Националниот фронт за добро на партијата

0
By Светлана Јовановска on April 10, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 10, 2015 09:43

Марин Ле Пен, претседателка на екстремно десниот Национален фронт, одлучи да го исклучи својот татко Жан-Мари од партијата каде што тој беше почесен претседател откако неговата ќерка го замени на чело на партијата.

Таа најави дека ќе се спротивстави на кандидатурата на нејзиниот татко на регионалните избори во декември годинава во регионот Прованса-Алпи-Азурна обала.

Овој чекор на ќерката кон нејзиниот татко е, според неа, многу тажен миг но таа, како одговорна за партијата, тврди дека мора да ги штити политичките интереси на Националниот фронт. Таткото и ќерката беа многу блиски соработници и таа за него велеше дека е не само татко туку и нејзин ментор и заштитник со кој секогаш се согласувала во се.

Ова, според француските медиуми, е обид на г-ѓа Ле Пен од Националниот фронт да направи нормална партија која нема да предизвикува несакани критики.

Таткото Ле Пен минатата недела уште еднаш ги повтори зборовите кои го шокираа светот пред повеќе години и според кои гасните комори од Втората светска војна се само еден “детал” на историјата. Неговиот често отворен антисемитизам, расизам, национализам и популизам, според аналитичарите, не е добар за партијата.

Во интервју дадено минатата недела за неделникот на екстремната десница Риварол, тој исто така го бранеше маршалот Петен, човекот кој беше шеф на Франција за време на нацистичката окупација од 1940-44 година и соработник со фашистичкиот режим.

“Неговиот статус на почесен претседател не му дозволува да го претвори Националниот фронт во заложник. Тоа се тешки провокации чија што цел е се чини да ми се наштети мене но кои, за жал, се голем удар за целото движење, неговите кадри, кандидатите, членовите и избирачите”, изјави г-ѓа Ле Пен.

Според нејзините блиски соработници овој прекин на односите помеѓу таткото и ќерката е тотален и дефинитвен бидејќи тие двајцата имаат несогласувања околу кои не можат да најдат согласност.

Реакцијата на Жан-Мари Ле Пен беше дека неговата ќерка треба да си го постави прашањето дали ова е корисно за целите кои таа самата си ги има поставено. Тој е убеден дека со овој чекор Марин се самоубива и себе си и партијата и има намера да се брани во органите на партијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.