Ѕвонко Давидовиќ: Функционери во костуми, застанати со рацете прекрстени напред како фудбалерите кога прават жив ѕид по досуден слободен удар, партиски членови аплаудираат, новинарите бележат, чкрапаат апаратите, зујат камерите, голем е настанот. Направена е и пуштена во употреба шахта во општина Аеродром, пренесуваат медиумите, а функционерите гордо гледаат некаде во далечина, задоволни со себе и своето големо дело, пребројувајќи ги гласовите во себе на кои се надеваат по завршувањето на овој капитален објект. Веднаш по оваа информација на малите екрани се појавува насмеаниот лик на Еди Рама, кој објавува лансирање на два сателита „Албанија 1“ и „Албанија 2“. Скромно објаснува дека со ова Албанија прави голем исчекор во технологијата што ѝ овозможува побрз развој на земјоделието, следење на пожарите и сообраќајот и зајакнување на безбедноста на границите.
Извор: Вечер.мк