Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Она што треба да го жртвуваме е самото жртвување!

0
By Zoran Ivanov on May 18, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 18, 2025 11:46

Нужно е да се откажуваме не од тоа што го имаме, туку од тоа што сме. Да, да, да! За да го охрабри човекот на смрт, оној што интервенира со мисли, бара од него да се откаже од целокупното материјално богатство. Тоа мора да биде стремежот на Македонија како основа за освојување на новата димензија на постоењето.

Бранко Тричковски

Како да му дадеме вистински одговор на лажниот дух на жртвувањето. Да го погодиме срцето на нарцистичкото задоволство кое жртвувањето го пружа. Како да го нападнеме патетичниот гест на жртвувањето, како да го извлечеме вишокот уживање од сопствените откажувања?

Го дадовме уставот, знамето, името, вели премиерот, од што уште треба да се откажеме?

Ха?!

Од се што имаме за откажување, Миц!

Од уживањето во тие откажувања.

Од постоењето во тоа уживање како жртва.

Она што треба да го

жртвуваме е самото жртвување!

Не верувам дека Миц може ова да го рзбере.

Ние го редуциравме постоењето на одбрана на тоа што мислиме, а не сме сосема уверени, дека сме.

На шарените слики за нас, не на вистината.

Вистината е во вмро и во деструкцијата на вмро, не во нашата претстава за вмро и неговата манекенска борба за националните и државни интереси.

Поинаку кажано: Нужно е да се откажуваме не од тоа што го имаме, туку од тоа што сме.

Да, да, да!

За да го охрабри човекот на смрт, оној што интервенира со мисли, бара од него да се откаже од целокупното материјално богатство. Кога човекот се одрекол од се што имал и му осганал само животот, мислечкиот му рекол: Дај уште!

Да го послушаме Брехт, кој на ова погоре, додал дека пред да се откажеме од себе треба да се спуштиме до точката на “најмалата огромност” така што повеќе да немаме од што да се одрекуваме.

Тоа мора да биде стремежот на Македонија како основа за освојување на новата димензија на постоењето.

А Мицко бара гаранции дека нема да има барања за нови откажувања и чека Бугарија да понуди исправки.

Со други зборови, гледам големи предности во тоа да ја прифатиме смртта на ова издание на измачувачкото и потрошено македонството кое во ликот и злоделото на вмро ја покажа својата неизлечива болест и да ги отвориме вратите на ново постоење на нови основи.

Не да правиме парада од ресетирање на системот, туку да се зафатиме со реално ресетирање на нас.

Тоа е мисијата на денешните генерации, кои, за жал, не се многу расположени за каква и да е мисија.

Нашата драма е во тоа што уживањето во тоа што го жртвуваме и уште треба да го

жртвуваме, не не спасува од смртта туку директно не води кон неа правејки, во меѓувреме,тешка тортура и бесмисла од животот со уништување на сите можности за регенерација.

Наместо тоа ние сега во интерпретација на вмро и премиерот, кој е или бос или е со отровни намери, одбивањето на уште едно жртвување, каква што е промената на Уставот и внесувањето на Бугарите и другите заедници кои веќе не се во преамбулата, прави ново бесмислено жртвување, овој пат на евроинтеграциите, што може да биде и сигурно ќе биде, фагално. Одбивањето на жртвувањето го претвора во ново реално и фатално жртвување. Во меѓувреме нацијата ужива во нарцистичкото жртвување на жртвувањето, затоа што тоа не е чин на вистинско и свесно откажување од жртвувањето како основа на новото постоење на Македонија туку е потврда на вишокот уживањето во сопственото умирање.

Со мала помош на Жижек и Брехт дојдов до овие согледувања, кои, не се сомневам, ќе го збогатат моето предавничко досие, што со задоволство ќе го прифатам ако макар неколкумина ги предизвика на размисла за радикалните и болни промени без кои ние немаме ама баш никакви шанси.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Бранко Тричковски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.