НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарска проституција – рана за етиката и за вистината во медиумите

0
By Zoran Ivanov on May 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога граѓаните ќе ја изгубат довербата во медиумите, тие ја губат и една од клучните алатки за разбирање на реалноста, за барање правда и за градење здрава демократија. Новинарството не е пазар каде што се продаваат мислења, туку служба на јавноста.

 Бетим Рамадани

Во време кога новинарството треба да биде еден од темелите на демократијата, а вистината компас што ќе го води секое известување, се соочуваме со болен и опасен феномен: „новинарска проституција“.

Овој поим се користи за да се опише таа категорија на новинари кои ја напуштиле својата благородна мисија заради лични, политички или финансиски интереси.

Не станува збор за случајна неточност или човечка грешка, туку за намерна и постојана тенденција за манипулирање, клеветење, создавање лажни наративи и напаѓање на одредени индивидуи или групи по нарачка на тие што ги плаќаат.

„Новинарската проститутка“ не се стреми да ја открие вистината, туку да ја сокрие. Таа не го користи зборот за да го просветли јавното мислење, туку за да го отруе.

Професионалната етика, објективноста, проверката на фактите – ѝ се непознати. Наместо идеалот за поинформирано и поправедно општество, таа следи најниски интереси: лични услуги, моќ, слава и валкани материјални придобивки.

Овој вид на „новинарство“ е опасен не само за поединците кои неправедно се цел на медиумски напади, туку и за целото општество. Зашто кога граѓаните ќе ја изгубат довербата во медиумите, тие ја губат и една од клучните алатки за разбирање на реалноста, за барање правда и за градење здрава демократија.

Затоа, должност на секој од нас е да реагира против оваа појава. Новинарството не е пазар каде што се продаваат мислења, туку служба на јавноста. Сите оние што го користат пишаниот или изговорениот збор за клевета, манипулација, ширење омраза или како портпароли на мрачни интереси, не заслужуваат да се наречат новинари.

Тие се само актери во една гадна трговија што нема никаква врска со благородната професија на новинарството.

бетим рамадани новинарство Проституција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.