Бранко Тричковски: Ако Европскиот парламент усвои Резолуција за македонскиот јазик и идентитет, тоа ќе значи дека Македонците се резолуциска творба. Порано бевме коминтерновска нација, сега ќе бидеме парламентарно лиценцирана формација на балкански идиоти. Не само Бугарија, туку целата Европска унија ќе мора да се запраша: што ќе им е во членство таква бесвесност за себе. А тоа што сдсм се навлече на таа вмровска парада на националната деструкцијата и третокласно дефинирање на нацијата, е посебно тажна приказна. Целата приказна комплетно ги потврдува позициите на Бугарија по таканареченото македонско прашање, значи не се одбрана на идентитетот ниту постои резолуциска одбрана на еден национален идентитет туку е радикално проблематизирање на тој идентитет. Срамота!