Здравко Чолиќ: Јас не живеам материјалистички за да грабам богатство. За мене социјалистичкиот модел беше доволен за пристоен живот. Немаше голем материјален просперитет, но имаше социјален мир. Не е носталгија, ама кога се споредуваат минатото со денешниот ден, ми се чини дека некогаш имаше повеќе социјална правда. Во денешно време животот е построг, не може секој да се справува со овие услови и жалам за тоа. Свесен сум дека живееме во други времиња, дека минатото не може да се врати, но факт е дека имаме огромен јаз меѓу сиромашните и богатите и дека порано немало такво нешто. Го сакав другарот Тито и никогаш тоа не го криев. Беше тоа време, бев млад и чест ми беше да му пеам. Не се сеќавам кога последен пат пеев „Друже Тито ние ти се колнаме“, но тоа не значи дека се срамам од таа песна. Не се срамам што го сакам Тито, ниту што Локица и јас се сликавме со Тито и неговите пудли. Денес повеќе не им пеам на политичарите зашто ако пееш за едни тогаш им се замеруваш на другите за кои не си пеел.
Извор: Фејсбук