НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската унија губи трпение

0
By Светлана Јовановска on April 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на дипломатиите на ЕУ наредната недела ќе донесат заклучок за Македонија со кој ќе изразат загриженост за политичката криза која станува се подлабока.

Освен тоа, идната недела во посета на Македонија и разговори со власта, опозицијата и граѓанското општество ќе допатуваат претставници на земјите членки. Во досегашната работа со земјите кандидати за членство ЕУ немала вакво искуство и целта на оваа посета е самите да ја оценат длабочината на кризата и да помогнат да се најде начин за нејзино решавање.

Засега не е познато кои земји ќе бидат дел од оваа посета.

На иницијатива на Словенија, на која и се придружија уште десетина земји членки пријатели на Македонија, неделава во Брисел се подготвува заклучокот кој идната недела ќе го усвојат министерите на нивната редовна средба во Луксембург. Покрај Словенија во групата земја се наоѓаат Шведска, Австрија, Бугарија а најверојатно дека ним ќе им се придружи и Грција.

Според дипломатските извори на НОВА, заклучокот треба да ја изрази сета европска загриженост за политичката криза од која Македонија не само што не успева да се извлече туку во неа влегува се подлабоко. Советот на ЕУ ќе побара од Македонија да најде политичко решение на овој политички ќорсокак а од Советот на ЕУ ќе се побара да ја следи ситуацијата и да се наврати на прашањето во најскоро време.

Советот најверојатно нема да побара од СДСМ да прекине со објавување на “бомбите” ниту пак ќе побара опозицијата да се врати во Собранието без околу тоа да биде направен договор со власта.

Се очекува исто така дека Советот на ЕУ ќе ја поздрави работата на европската парламентарна тројка кој утре го одржува вториот состанок со претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Точната формулација на идниот заклучок би требало да биде позната до крајот на оваа недела.

Според изворот на НОВА, ЕУ почнува да го губи трпението поради настаните во Македонија и неспособноста на политичките сили сами да креираат услови за излез од кризата и да тргнат по пат на преговори.

Според дипломатскиот извор на НОВА, ЕУ засега нема намера да именува посебен пратеник за Македонија кој би добил мандат да посредува помеѓу политичките партии, иако овој предлог доаѓа од повеќе дипломати и аналитичари кои внимателно ја следат македонската криза.

Инаку, словенечката инцијатива беше предложена во петокот а идниот заклучок ќе биде усвоен без дебата помеѓу министрите на ЕУ. Ова е прво предупредување до Македонија дека е време да се тргне во решавање на кризата пред ЕУ да се одлучи за подрастични чекори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.