НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојчев: Вработувавме луѓе што ги исполнуваат условите на конкурсот

0
By Менче Атанасова Точи on April 14, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ ги потврдува случувањата во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата, за кои вели дека се случиле во ноември 2011-та година, но вели дека не може да ја потврди автентичноста на разговорите бидејќи не учествувал во нив.

„Јас не можам да ја коментирам автентичноста на разговорите бидејќи не сум учевствувал во нив, но случувањата за кои зборувате се одвиваа во ноември 2011-та година. Во тој период ми требаа петтмина инжењери и јас лично бев на разговор кај премиерот Груевски кој ми рече „ако ги имате примете ги “. Ние примивме тројца информатичари и еден енергетичар бидејќи на конкурсот не се јави никој за местото електроничар“ изјави за НОВА, директорот Стојчев.

Од друга страна, во еден од телефонските разговори Јанкуловска изразува незадоволство од неговата работа бидејќи, како што рече не ги почитувал насоките за партиските вработувања.

Стојчев не сакаше да го коментира разговорот на министерката Јанкуловска со нејзиниот сопруг Влатко Илиевски во кој таа вели „Директорот мора да почитува тоа што сме му дале насоки, туку си прима кого сака и нормално вика дека има дозвола од премерот. Тој е тешко ѓубре“.

„Нема да го коментирам разговорот на министерката. Ние примавме луѓе што ги исполнуваат условите за работа“, рече Стојчев.

Што се однесува до приемот на 30-те медицински сестри кои требало да бидат вработени, Стојчев вели дека болницата распишала конкурс, но работата се растегнала што веројатно предизвикало незадоволство кај власта.

„Ме прашаа што е работата, но не сум добил партиски списоци. Немав добиено ниту насоки за вработувањата, како што се вели во прислушуваниот разговор. Изборот за прием го направи комисија од болницата која процени дека предност имаат волонтерите, односно тие што ги исполнуваат условите на конкурсот и кои што работеле најмалку една година како волонтери“ изјави Стојчев.

Еве ги разговорите кои ги објави опозицијата, а кои се однесуваат на прием на партиски вработувања во болницата „8 Септември“.

11.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Горде здраво
ГЈ: Здраво
НГ: Ааа со овој зборев од воена…
ГЈ: Аха
НГ: Ми го објасни следното, дека ако ги прими тие нашите 5, 3 ми се чини одделенија нема да му функционираат бидејќи нема доволен број на лекари специјалисти . Го прашав кој му се имињата на тие што он сака да ги прима, ми ги даде и ми укажа дека скоро за сите има некаква ургенција поддршка и така натаму од наши или видни…
ГЈ: Функционери…
НГ: Фукционери или и од самите комитети. Па со обзир дека ми личи дека му држат аргументите дека нема да му функционираат, со намера сум а се консултирав и со Зоран, се согласи да му го предложам следното: да ги прими он сега нашите што се од листата…
ГЈ: Такаа, а за овие…
НГ: А по изборите да му дадеме согласност и за oвие 5…
ГЈ: Јас да ви кажам претседателе пошо у Тетово сум више ви ја напишав пораката, у таа насока дека ќе ги решиме и неговите мислам…

12.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Влатко Илиевски

ГЈ: Ало
ВИ:Ало?
ВИ: Абе види сакав да те прашам во врска со овие нови вработувања во Градска болница има околу 30-тина сестри не знам колку инженери коишто се запрени…
ГЈ: Добро…
ВИ:…во Агенција. И Стојче од кај тебе ии од здравство збореле не знам вчера-завчера
ГЈ: Да…
ВИ: И што е сега крајната одлука?
ГЈ: Директорот мора да почитува тоа што сме му дале насоки… он си прима кого сака…
ВИ: Добро тоа ме интересираше, значи не ги почитува, тој рече дека ги почитувал…
ГЈ: Не е точно… значи он и кај докторите си ги прими он шо си ги сакаше луѓето, сеа пак си бута свои кој му текне вака непотистички …
ВИ: Добро…
ГЈ: И нормално вика ја за тоа имам дозвола од премиерот
ВИ: Добро тогаш…
ГЈ: Тој е тешко ѓубре е тој чоек…
ВИ: Добро…а шо поминале, мислам шо биле избрани тоа ќе има проблеми?
ГЈ: Ама тоа тој нека си најде начин да го поништи…ние му даваме еден список он си бира кого сака и вика е сега е завршено изброт е завршен…
ВИ: Мхм
ГЈ: По мене опцијата е или да најде начин да го испочитува списокот што ние сме му го дале или да го смениме него нека влезат неговите на работа па следниот директор ќе почитува..

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.