Дритон Зенику: Изјавите дека „нема да се помести ниту еден милиметар“ во однос на Бугарија, само го зајакнуваат впечатокот дека земјата се движи кон изолација, а не кон европска интеграција. Во ваков контекст, Албанците не само што се игнорирани како рамноправен политички фактор, туку ризикуваат и системско институционално деградирање. Назначувања без консултација со албанските претставници, игнорирање на јазичните и културните права, како и маргинализирање на албанските кадри во администрацијата, покажуваат опасен тренд на враќање на еднонационална политика. Наместо унапредување на мултиетничкото општество, сведоци сме на обиди за негово поткопување. Ако Албанците не настапат со единствен глас и јасна платформа, постои реална опасност да ги изгубат веќе стекнатите права. Не е време за поделби, туку за обединет фронт за заштита на демократските вредности и евроатлантската иднина на земјата.
Извор: Фронтлајн