НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Задушница и Курбан Бајрам

0
By Marija Todorovska on June 6, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска е неработен ден и за православните христијани и за муслиманите. 6 јуни во православието е Задушница, а во исламот е првиот ден од Курбан Бајрам.

Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат празникот Задушница кој му претстои на Духовден во недела. Празникот Духовден секогаш се слави 10 дена по Спасовден, а 50 дена по Велигден, а пред него православните христијани го одбележуваат празникот Задушница.

За Задушница во црквата се служи парастос, а по службата верниците се упатуваат на гробовите на најблиските, палат свеќа, читаат молитва и принесуваат жртва за спасение на починатите (леб, пченица и вино).

Свештеникот кажува посебна молитва која се нарекува и Трисагија во чест на починатите.

На Задушница луѓето ги посетуваат гробовите на блиските и помеѓу себе си раздаваат храна притоа споменувајќи ги упокоените за спас на нивните души.

Курбан Бајрам 

Овој исламски празник уште се нарекува и празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

Овој голем празник се слави четири дена.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

6 јуни ЗАДУШНИЦА Курбан Бајрам Неработен ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.