Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

0
By Marija Todorovska on June 7, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 7, 2025 14:25

Може ли да си замислите кое е тоа лицемерие – Владата отвори телефонски број за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани. Не, ова не е обид за хумор. Ова е апотеоза на цинизмот.

Јане Ѓорѓиоски

По месеци затскривање, игнорирање и институционално одбивање на законски решенија за конкретна помош за настраданите во трагедијата во Кочани и нивните семејства – ете ја Владата со нов пи-ар трик. Владата отвори телефонски број за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства.

Конечно решија да “комуницираат”.

Како?

Со телефонски број.

Еден број.

Директна линија, велат. Ќе зборувале, ќе слушале, ќе записничеле.

Го објавија телефонскиот број јавно: 070 355 526.

Зошто со зурли и тапани на владина прес-конференција го објавија телефонскиот број со кој треба да комуницираат само со семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани на кои им треба помош, само тие си знаат.

Но, ова отвора и куп прашања за односот на оваа Влада и Премиерот со граѓаните и како властелините комуницираат со народот.

Владата и Христијан Мицкоски одбиваа да седнат на маса со семејствата. Одбиваа и законски предлог за помош предложен од опозицијата. Но сега, по сè, решија дека е време за мобилен телефон.

Целото институционално сочувство се сведува на едно „ало“?

Наместо конкретни мерки, сега повредените и семејствата на настраданите ќе добиваат автоматски одговор од Канцеларијата на Премиерот?

Од канцеларијата на Премиерот!

Не, ова не е обид за хумор. Ова е апотеоза на цинизмот.

Ова е политика што мисли дека е доволно да пуштиш број за да се избрише срамот од недејствувањето.

Велат дека телефонската линија ќе била „жив канал“ на комуникација. Како да се работи за нова епизода од сапуница, а не за животи кои беа уништени.

Нивниот „персонализиран пристап“ е преку линија на чекање.

Промашен момент, промашена намера.

Човечкото достоинство се обидуваат да го купат со телефонска линија, или се обудуваат на граѓаните да им продадат ефтин пи-ар.

Многу е едноставно драги мои – линијата 070 355 526 е алка во синџирот на лицемерието.

Не е за верување, ама ни се случува.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Јане Ѓорѓиоски Кочани телефонска линија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.