НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заклучен идентитет

0
By Marija Todorovska on June 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Затоа што идентитетот сме всушност ние, нашето наследство, обичаи, навики, живот, патување и врски. Па, каде се тие, во реалноста или во извештајот на европскиот парламент? Па, зарем не постоиме без таа дефиниција? Или треба да заклучиме дека “од ова држава не бидува” – што вели “наменскиот идентитет” – ќе не биде или не? Ќе го отклучиме ли или ќе се заклучиме? Па, веќе триесетина години го имаме клучот во наши раце, време е да го употребиме на вистински начин

Никица Корубин

Која е врската помеѓу нацрт-извештајот за Северна Македонија во европскиот парламент и црквата во Курбиново, на пример? Дали е тоа релативизацијата на “идентитетот” во првиот (извештајот), наспроти апсолутноста на идентитетот во вториот (Курбиново)?
Релативизација доведена до бесмисленост, која само треба да го дефинира “сомнежот во истиот”. Како “слатка освета” за политичкото, регионално и глобално, дефинирање на современата држава Северна Македонија, преку Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, со кои го делиме историскиот и географскиот регион на Македонија.
Па, националниот наратив и “историјата базирана на факти” кои што природно се сврзани со државата и современоста, во стилот на опасна замена на тези, се сведени на (само)проблематизирање и докажување на идентитетот.
Но, за разлика од политичката терминологија – нација, држава, национален наратив – и историјата базирана на факти; идентитетот во својата културолошка и цивилизациска суштина, нема потреба од дефиниција. А, ако нешто не може да се дефинира, како тогаш може да се гарантира?
Па, оттаму произлегува дека гаранцијата не е за идентитетот, туку за политичкиот наратив за идентитетот, и тоа идеолошката верзијата која никако не кореспондира временски и просторно со нас самите.
Дали, ние, односно тие во наше име, сакаат гаранција не за тоа што сме, како сложен процес на етногенеза (еднаков за сите народи) во специфични географски, културолошки, цивилизациски и просторни услови; туку она што треба(ло) да бидеме – затекнат(и) народ(и) во освоена територија, “парче земја” од историската Македонија? Дали “гаранциите” зборуваат со јазикот на автохтоните или со јазикот на освојувачите (колонистите)?
Гласноста за “идентитетот” кога е тој фиктивен, површен и неопределен, сведен на фрази – во извештај или во секојдневен говор – е преклопен од молкот за идентитетот кога е тој реален и означува припадност и однос кон припадноста.
Припадноста кон земјата, пејсажот, природата, која се гледа преку односот кон природното опкружување; припадноста кон урбаното и руралното, кое се гледа преку функционирањето, уредувањето и планирањето на секојдневниот живот; припадноста кон сопственото културно наследство, кое се гледа во состојбата на археолошките локалитети, религиозни храмови, архитектура; припадноста кон традицијата, обичаите и културата, своја и на другите, која се гледа во состојбата со меѓуетничка и меѓурелигиска почит.
Припадноста и односот кон природната комуникација кон блиските и заеднички култури со соседите (Грција, Бугарија, Албанија, Косово); поради цивилизациска и култоролошка блискост. Тоа е идентитетот. А, за тој идентитет има молк. Затоа што не е фиктивен и не е наменски. Туку е жив. И заклучен. Метафорички и појавно.
Црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново е заклучена неколку години. Фасцинантен споменик, на врвната и елитна византиска уметност од 12-от век, која сугерира присуство на исклучителна цивилизација на целиот поширок регион.
Девастирана и деградирана со години, како флагрантен доказ (еден од илјадниците) за вистинската (не)грижа кон идентитетот; конзервирана и реставрирана, далеку од очите на стручната и пошироката јавност, во ад хок манир на супериорноста на “елитите” – колонистички или локални – кон “плебсот”; стои сама и заклучена.
Никој нема пристап кон овој “бисер на идентитетот”. Ниту локалното семејство, кое генерациски се грижело, како за свое најблиско, за овој храм. Испразнета од живот и суштина. Заклучен и недостапен идентитет.
Дали оваа реална метафора, со црквата во Курбиново, е последицата од систематското, политикантско и во “колонијален манир”, поигрување со нашиот идентитет и константно развивање на “сомнеж во истиот”, преку антагонизирање и омраза кон другиот?
Чување на дефиницијата или чување на суштината? Првата, (не)свесно ја уништува другата. И ја чува заклучена, во празни идеолошко-наследени наративи, на време кое одамна е завршено.
Одбивањето да се прифати реалноста на современата држава Северна Македонија, нејзината политичка позиција, хармонизирана со соседите, регионот и ЕУ, и враќањето кон нејзините природни врски со Источниот Медитеран, каде се и членките на ЕУ, Грција, Бугарија и наскоро Албанија, не е чување на идентитетот, туку напад на истиот.
Затоа што идентитетот сме всушност ние, нашето наследство, обичаи, навики, живот, патување и врски. Па, каде се тие, во реалноста или во извештајот на европскиот парламент? Па, зарем не постоиме без таа дефиниција?
Или треба да заклучиме дека “од ова држава не бидува” – што вели “наменскиот идентитет” – ќе не биде или не? Ќе го отклучиме ли или ќе се заклучиме? Па, веќе триесетина години го имаме клучот во наши раце, време е да го употребиме на вистински начин.
Од Фејсбук ѕидот на авторката
идентитет Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.