Сузана Јошевска Атанасовска: Најпосле имам впечаток дека силите на правосудството се здружени воспоставениот систем никогаш да не се промени. Иако навидум го критикуваат, на сите им одговара ваква безнадежно лоша состојба и од ден на ден допринесуваат истиот да стане се поотпорен на промени.
Зошто? Затоа што им дава совршен изговор и оправдување. Се разбира, се додека тие или нивен близок не се најдат недајбоже под истрага или на обвинителна клупа. Тогаш сфаќаат колку е важен концептот на фер постапка, презумција на невиност и разумно сомневање и тогаш устите им се полни со човекови права.
Работите стануваат опасни. Во моментов, во обвинителството “се заиграни” со измислување на нови правни теории и концепти кои, ако се реализираат, ќе станат опасна пракса за растегнување на концептот на т.н објективна одговорност и екстремно екстензивно толкување на умислата ,така што никој нема да е безбеден ако системот реши да тргне по него. Вклучително и самите тие обвинители.
А системот (во секој сегмент) не е скандинавски. Очаен е. Дотолку пострашно ако се реализира оваа намера, бидејќи секој, буквално секој потенцијално ќе може кривично да одговара за нефункционалноста на системот или како вели Коцевски- “континуираните системски пропусти”. Многу опасна играчка.
Извир: Фејсбук