Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

lu-ping / Шајките на Бујар & Шајките на Христијан

0
By Zoran Ivanov on June 12, 2025 ИЗБОР, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 12, 2025 00:59

Зоран Иванов

Со „неподнослива леснотија” Мицкоски денеска протртља за шајки, за идентитети, за бујари, за исуси …

Добро бе премиер, еве едно просто прашање: Европската Унија е историски клуб или е економско политичка заедница?

Теми истории, идентитети и слични манипулативни популистички глупости, не се теми на таа економско политичка заедница каде што Ти не сакаш да одиме.

А не сакаш поради …

Е таа енигма, кога тогаш, посебно кога со оваа Твоја политика ќе ја дозаглавиш Македонија и кога ќе ги доиселиш децата, и не само нив, туку нив со се родителите, ќе треба да ја објасниш.

Да објасниш за ова што сега ѝ го правиш на Татковината.

На Македонците, посебно.

Извештајот на тој наивниот што меѓу нозе го зедовте, на тој евро известувачот што го заведовте или што друго и да му направрте за да го наведете да е соучесник во дозатворањето на македонскиот ЕУ пат, верувам знаете дека како стара хартија ќе биде пратен на рециклирање во аулите на европската бирократија.

Актуелната содржина ќе му заврши таму зашто, на крајот, од оваа сага се’ ќе се сведе на неизбежниот факт дека терминот „вековен” во неговиот ЕУ извештај воопшто не е тема за ЕУ туку дека е тема за научни историски институти.

Го знаете тоа нели?

Знаете дека идентитети таму, во ЕУ, не се тема.

Не се тема дури ни за науката меѓународна зашто идентитетот е субјективна тема за конкретен народ, за конкретна нација, за конкретна помала или поголема група граѓани.

И затоа, тоа, идентитет, воопшто не е тема за Твоја дневно политичка манипулација и ич не е тема за нашите евроинтеграции.

Тоа дека „бугарите ќе не блoкирале“, тоа дека „ќе не`“ …

Прво почни преговори па, па нека нè блокираат.

Да видиме дали „ќе нè”.

Ако пак ЕУ не извиси за нивна сметка, тогаш гитла оттаму. И тогаш и секогаш можеме „чао ЕУ“.

Вака, вака, чисти манипулации и деградации на сите македонски перспективи.

И државни и национални.

А за бугарската страна, за бугарската децениска шовинистичка политика, ајде игнор.

Освен, освен ако Твојата политика, а сите Твои постапки натаму водат, не е на линијата на бугарската негаторска политика.

Па, е ли?

Некако како сè натаму да упатува.

А за да не е тој впечаток, треба да направиш се’ да почнеме преговори веднаш.

Да ја баталиш таа нивната политика децениска бугарска. Да ја баталиш сосе нивните бугарски историски и идентитетски теми зашто тие не се ЕУ теми.

Да ги пуштиш слободно да си се излизгаат таму на заедничката ЕУ маса.

Таму, во Брисел.

Да си се изглупираат со нивните негаторски теми од пред векови.

Да си се дообрукаат таму, во ЕУ. Таму пред сите.

Со бугарските небулозни средновековни теми малку да се забавуваат и да им се подсмеваат и бугарските ЕУ партнери.

Вака, намерно ли, не знам, знам ама овојпат ќе премолчам, нас Македонците идентитетски не` туркаш во бугарскиот аспираторски скут.

Те разбираат ли Твоите во партијата, не тие од „бугарското“, туку тие од “македонското крило”, каде тоа ја туркаш нацијата?

Те разбираат ли дека ја пробугарчуваш Македонија, дека ја враќаш на билатераланата бугарска наместо да ја туркаш на мултилатералната европска преговарачка маса?

А мотивите за таквите Твои постапки?

Мотивите …

Кој би знаел што сè се мота во премиеровата глава.

Можеби токму шајките со кои Тој, Бујар, го распнал идентитетот на македонската нација, се всушност, истите тие шајки со кои Тој, Христијан, го кова ковчегот на македонската држава.

Можеби.

 

 

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.