Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ајде!“ повикува на голем протестен марш за хонорарите на 24.април

0
By Нова ТВ on April 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 17, 2015 16:03

Платформата за граѓанска политика „Ајде!” најавува голем протестен марш против неуставните закони за хонорарците со кои се прекршуваат неколку уставни права и принципи и со кои се врши грабеж врз голем број на граѓани на Македонија.

Маршот ќе се одржи на 24-ти април 2015, петок, со почеток во 12 часот, пред Министерството за финансии, а ќе заврши пред Уставниот суд на Република Македонија, каде ќе биде поднесена претставка од 7000 граѓани за утврдување на неуставноста на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси за хонорарците.

Во текот на март и април годинава, „Ајде!” спроведе граѓанска инцијатива во 15 градови низ државата, со која им овозможи на илјадници граѓани да се приклучат кон здружената акција и да го изразат револтот од пакетот закони со кои се загрозува еднаквоста на граѓаните и нивните работнички права.

– Покрај нарушеното владеење на правото, со овие закони се ускратува правото на плата, пауза, годишен одмор, породилно/родителско отсуство и синдикално здружување, а хонорарците остануваат заглавени во бирократските лавиринти, затоа што законите се непрецизни, двосмислени и нејасни, па оттаму, ни администрацијата не знае како да ги спроведе, се вели во објаснувањето на „Ајде!“.

Платформата ги повикува сите граѓани кои веруваат во принципите на еднаквост, социјална правда и солидарност, да се приклучат кон маршот, за заедно да испратат финално и масовно „НЕ” за “штетните и противуставни законски решенија“, до одговорните институции и до Уставниот суд на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.