Бранко Тричковски: Полуинтелектуалецот е болесна општествена појава која обелоденува две работи: прво, дека културниот образец е потребно дополнување на националниот и политички образец и, второ, школата која се ограничува на давање на знаење, без паралелно воспитување на карактерот, не е во состојба да ја спречи појавата на таквиот општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.“
На овие оценки јас би додал само уште пар деформации кај македонските примитивци: македонизмот ментално го парализира и тој станува роб на самиот себе, а нацијата што ја води, роб на неговата парализа и, второ, се случува тој свесно да оди на разградување на македонството било затоа што го смета за историски дефект, било затоа што самиот се смета за дефект обвинувајќи го за својот хендикеп македонството.
Извор: Фронтлајн.мк