Дејан Трајковски: Од брзата пруга единствена корист може да има власта, фалејќи се со неа пред локалните избори на неинформираните и изманипулирани граѓани. Вистината е дека државата и населението ќе претрпат најмалку 3,3 милијарди евра финансиска штета, како што јасно покажуваат финансиските анализи. Инаку, ова би бил единствен случај во светот да се изработува физибилити студија и кост-бенефит анализа ретроактивно, врз основа на веќе донесена политичка одлука. Во нормалните држави, со нормална власт, секогаш е обратно. Овој ненормален редослед на чекори најдобро покажува со каква власт си имаме работа.
Извор: Фејсбук