НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Универзитетот на Бојо Андревски доби акредитација за Медицина, чека за Фармација

0
By Менче Атанасова Точи on April 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Медицинскиот факултет на Европскиот универзитет на Бојо Андревски кој доби акредитација за да образува идни лекари, ги исполнувал условите за работа тврдат во Одборот за акредитација.

Но, на барање на НОВА за обелоденување на условите- каде ќе се наоѓа факултетот, како ќе се одвива наставата, колку и кои професори ќе предаваат таму, од Одборот немаат одговор.

„Во моментот на акредитирањето Медицинскиот факултет при Европскиот универзитет, ги исполнување сите законски услови, вклучително и во поглед на кадарот. Понатамошното следење на придржувањето кон законските критериуми е работа на Инспекторатот при МОН“, изјави за НОВА Михаил Петковски претседател на Одборот за акредитација.

Јавноста и универзитетските професори се вознемирени, бидејќи како што велат професорите, за да се добие акредитација за Медицински факултет треба да се исполнат строги критериуми и да се даде голема гаранција како на студентите, идни лекари, така и на пациентите. Условите за работа на факултетот се создаваат со години и таму не смее да има импровизации.

Во елаборатот мора да се понуди професор за секој предмет, да има услови за изведување и на практична настава и вежби, што подразбира лаборатории, одделенија од сите области на медицината со пациенти, но и за патологија и се она што поседува еден Клинички центар.

По првиот шок дека се акредитирал Медицински факултет, универзитетските професори, но и граѓаните се прашуваат како факултетот успеал да ги исполни строгите критериуми за акредитација за медицински науки, каде се наоѓа факултетот, како ќе се одвива наставата.

Но, тоа не е се. НОВА неофицијално дознава дека Европскиот универзитет чека да добие акредитација и за Факултет по фармација. Елаборатот за Фармација веќе бил изработен и предаден во Одборот за акредитација, се чека само да се добие Решение за факултетот да започне со работа. Информацијата не ја потврдија во Одборот кој ги дава акредитациите. Претседателот на Одборот з а акредитација Михаил Петковски не бил во тек, бидејќи како што рече, извесно време не бил активен во Одборот.

За јавноста е енигма што поседува Европски универзитет, каков кадар ќе понуди, каде ќе се изведува практичната настава. Одборот дал акредитација, а потоа одговорноста за работата на факултетот ја префрла на Инспекторатот на МОН кој треба да ја следи работата на факултетот. Неофицијално, во елаборатот било наведено дека десет професори од државниот Медицински факултет дале согласност дека ќе се префрлат на Европскиот универзитет, на новиот Медицински факултет.

Деканот на Медицинскиот факултет вели дека досега ниту еден професор не го најавил своето заминување, ниту си дал отказ. Како е тогаш возможно да се добие акредитација врз основа на ветување или согласност дека професорите ќе предаваат на Европски универзитет.

„Нас како на факултет никој досега не ни се обратил, никој од професорите досега не си заминал, не дал отказ. Медицината е сериозна гранка и треба да се внимава како се работи на полето на акредитација“изјави за НОВА Никола Јанкуловски, Декан на Медицинскиот факултет.


Иако станува збор за многу сериозна работа во Ректорот на УКИМ, се уште немаат информации за деталите за акредитацијата.

„УКИМ нема надлежност во ова прашање, но како најстар Универзитет на кој се реализираат студиски програми од медицински науки, секогаш сме внимателни кога се акредитираат програми што се од неспорен интерес за државата, бидејќи се работи за крајно сериозна и чувствителна професија ,строго регулирана со европските директиви“потенцира Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски

Професорите од Медицинскиот факултет, исто како и од другите факултети се шокирани од одлуката за акредитација на Медицинскиот факултет при Европски универзитет. Тие велат дека државниот Медицински факултет се создавал 60 години и се уште има недостатоци. За да се создаде Медицински факултет треба многу време, инвестиции и внимателност. За пример го посочуваат Медицински факултет во Марибор кој цели 30 години чекал за да се стекне со акредитација. Образованието во Македонија е паднато на најниско ниво досега, велат професорите.

„Сето тоа чини многу и просто е невозможно да се направи Медицински факултет, а во исто време да ги исполнува строгите стандарди. Не знам кој му дал акдредитација, но можам да кажам дека на ваков начин се уништува квалитетот на образованието и на медицинскиот кадар“вели Милчо Пановски професор на Медицинскиот факултет и абдоменален хирург.

На својот Фејзбук профил проректорот за наука Владимир Петрушевски напиша:

Социјалните мрежи, Твитер И Фејзбук се полни со коментари за најновата акредитација на универзитетот на Бојо Андревски. Најголем дел од нив со потсмев ја коментираат веста за акредитацијата на овој факултет.

На Европскиот универзитет функционира и Стоматолошки факултет, од каде што има неколку генерации завршени студенти. Овој факултет започна да запишува и образува студенти без да добие акредитација и неколку години работеше така, со што беше доведена во прашање легитимноста на нивните дипломи.

Дури четвртата години по отворањето, односно во 2011 –та Факултетот по стоматологија доби ретроградна акредитација за да можат да им се признаат дипломите на студентите.

Kазните предвидени со измените на Законот за високо образование се ригорозни – раководителот на неакредитираната високообразовна институција може да добие затворска казна во траење и до три години, а фирмата ќе треба да плати казна и до 100.000 евра. Досега не слушнавме дека Европски универзитет или неговиот сопственик бил казнет по неколку години незаконско работење на факултетот.

Дали сега на мала врата, поради неговата блискост со власта на Бојо Андревски ќе му се овозможи отворање на двата факултети, Медицински и Фармацевтски, коментира експертската јавност. Ако е така, тогаш сериозно е доведено во прашање образованието на идните лекари, но и фармацевти од чие знаење ќе зависи здравјето и животот на многу луѓе. А, во медицината грешките не се поправаат, тие се мерат во изгубени човечки животи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.