НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ е “длабоко загрижена” и бара истрага за содржината на снимките

0
By Светлана Јовановска on April 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата во Македонија се влошува а ЕУ длабоко загрижена за земјата и смета дека мора да се истражи содржината на снимките што ги објавува опозицијата.
Ова е суштината на заклучок за Македонија кој денес беше усвоен на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

“Советот изразува многу сериозна загриженост поради влошувањето на ситуацијата во земјата особено во владеењето на правото, фундаменталните права и слободата на медиумите кои се со срцето на демократските вредност на ЕУ и нејзината политика на проширување”, вели заклучокот на ЕУ. Тој додава дека сите овие проблеми треба да ги решат политичките лидери во интерес на граѓаните на земјата, владеењето на правото и политичката стабилност.

Советот очекува итно да се најде трајно решение и да се спроведат мерки за тоа решение. Советот бара од сите инволвирани страни да влезат во “конструктивен дијалог и да ја вратат довербата во институциите преку соодветни политички чекори”.

“Сите обвинувања треба да се истражат од страна на релевантните власти вклучително и обвинувањата за можните злоупотреби кои се објавуваат”, вели ЕУ со што бара снимките што ги објавува опозицијата да бидат истражени со почит на принципот на презумпција на невиност и независност на судските органи. Накусо, ЕУ бара да се направи истрага за содржината на снимките и да тие да не се игнорираат како да не постојат.

На крајот, ЕУ го поздравува олеснувањето на европската парламенарна “тројка” кое е во тек и од сите страни бара да покажат воздржаност и да се сконцентрираат на потрагата по решение за политичката криза што е можно побрзо.

Како што НОВА најави минатата недела, ЕУ се обврзува на оваа тема да се наврати во следните месеци. Македонија е земја кандидат па ЕУ потсетува на тоа дека секоја година Европската комисија подготвува извештај. Според дипломатите со кои НОВА разговараше, со ова ЕУ потсетува исто така дека препораката на ЕК за старт на преговори за членство може да биде одземена доколку состојбата во земјата брзо не се поправи.

Ова е прв пат ЕУ да усвојува вака сериозен заклучок за тешка политичка криза за една земја кандидат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.