Многу пензионери останале без своите ниски пензии пред Велигден бидејќи од УЈП им ги блокирале сметките во банките поради неплатена радио-дифузна такса. Во редакцијаната на НОВА реагираа неколку од нив. Тие тврдат дека освен пензијата стопирани им е и додатокот за трето лице, одноно парите кои ги добиваат за лекови.
„ Прво ја блокираа пензијата на мојата свекрва, а утредента стигна Решение дека сметката ќе и биде блокирана, значи без никакво претходно предупредување. Шокирани сме и затоа што е блокиран и додатокот за трето лице бидејќи е во истата сметка со пензијата. И покрај можноста долгот да се плати на рати, сметката ќе биде одблокирана дури кога ќе се плати последната рата“, изјави Снежана М. од Штип.
Но, не се блокирани само сметките на пензионерите. Сметките на граѓаните се блокираат низ цела држава, секој ден. Шалтерите во зградата на МРТВ денеска беа полни со луѓе дојдени да платат за да не бидат блокирани, за да не им дојдат на врата извршители. Згора на се за секоја задоцнета сметка им се пресметува 0,03 проценти задоцнета камата за секој изминат ден, а во банките плаќаат и провизија и така сумата станува многу поголема.
Од УЈП велат дека не се блокираат само сметките на панзионерите, туку на сите граѓани кои имаат долг за оваа јавна давачка. Од таму велат дека покрај активностите за редовна наплата на радиодифузната такса, УЈП врши и присилна наплата на оваа јавна давачка во случај кога обврзникот не извршил плаќање во законските рокови и има заостанати долгови. Од оваа давачка се ослободени само социјално загрозените семејства, потенцираат од таму.
„Присилна наплата се врши редовно на начин пропишан со Законот за даночна постапка, според висината на заостанатите долгови на обврзникот, а не според други критериуми и категории.
Со цел граѓаните да не се изложуваат на дополнителни трошоци поврзани со присилна наплата, Управата за јавни приходи постојано апелира месечниот износ од 190 денари граѓаните навремено да го плаќаат“ се вели одговорот на УЈП.
Но, не е само присилната наплата за радио-дифузна такса. Граѓаните велат дека стигаат Опомени за парно, струја, па дури за вода. Утринава Опомена дека ќе им биде исклучена водата за пиење осамнала кај многу скопјани.
„ Штотуку добив Опомена за задоценто плаќање на рата за вода, која е дел од Договор за 20-тина рати за стари сметки. Се работи за задоцнување од можеби еден месец. Во Опомената пишува дека доколку нне се плати долгот во рок од три дена ќе бидат принудени да ја исклучат водата за пиење. Според декларацијата на ОН водата е основно право на човекот. Ова е обид за убиство од прв степен бидејќи без вода се умира токму за три дена, колку што тие напишале во Опомената, вели револтирано Ана Г. од Скопје.
Граѓаните објаснува дека во договорот со Водовод и другите компании, граѓаните се условени со многу високи каматни стапки кои неколку пати го надминуваат основниот долг.